Преку ко-дизајнирање и ко-креирање со и за граѓаните ќе помогнеме да се развијат услуги, проекти и политики што подобро ќе им служат на сите.
Работиме како посредник меѓу граѓаните, академските институции, компаниите, секторите и одделенијата на градот, општините и граѓанските организации со цел креирање на заедничка вредност, брзо прототипирање и/или проверка и селекција на иновативни решенија.
Јазик: Македонски; Албански; Англиски;
Јазик: Македонски; Албански; Англиски;
Преку користење на иновативен и инклузивен пристап на ко-дизајнирање со граѓаните за граѓаните во две фази во периодот 2019/2020 година беа изработени вкупно 16 предлог концепти за редизајнирање на 16 јавни површини.
Иницијативата за редизајн на јавни површини обезбеди да се развијат концепти кои ќе можат да систематизираат и интегрираат во постоечкиот градски модел, ќе создадат нови градски искуства и атмосфери, ќе го разубават градот и ќе помогнат во ублажување на ефектите од урбаните тополотни острови.
Отворен првиот вело плоштад во склоп на Транспортниот центар во Скопје. Решението „Велоштад“ е победник на повикот за прототип на вело паркинг, и е поставено на локација во склоп на Транспортниот центар. Ова решение е надополнето со мурал кој испраќа порака за подобра мобилност, спортска активност и здрав хачин на живот.
Редизајнот на оваа јавна површина, како и други во Скопје кои периодов добиваат ново лице, е резултат на иновативен и инклузивен пристап во конципирањето на јавните површини, спроведен по принцип „со граѓаните, за граѓаните“.