Активни проекти

Новости

Оценка на услугите на Град Скопје

Град Скопје секогаш се стреми да обезбеди што е можно поголемо задоволство кај граѓаните во поглед на услугите кои ги нуди.

Повеќе

Инспекторат на Град Скопје - Отворени податоци

Град Скопје во изминатите неколку години активно се залага и работи на отварање на податоците на градот со цел постигнување транспарентност кон јавноста.

Повеќе

Повик за учество на конкурс за избор на 4 дизајни за енергетска ефикасност


Свесни за потребата за постигнување на поголема енергетска ефикасност со цел намалување на потрошувачката на енергија, зголемување на квалитетот на живот и намалување на загадувaњето, Скопје Лаб објавува конкурс за дизајн на постер и беџ кои ќе ги користи Градот Скопје во промотивната кампања за енергетска ефикасност насловена “Промената започнува со тебе”.

Истовремено, целта е преку овој конкурс да се овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал со цел истиот да даде свој директен придонес во креирањето на оригинални дизајни кои поттикнуваат акција за позитивни промени во областа на енергетската ефикасност;

Приклучи се со твојот дизајн во кампањата “Промената започнува со тебе” и поттикни промена во твојот град! 

Прочитај повеќе

Редизајн на јавни површини во Скопје

Вело Паркинг

Преку користење на иновативен и инклузивен пристап на ко-дизајнирање со граѓаните за граѓаните во две фази во периодот 2019/2020 година беа изработени вкупно 16 предлог концепти за редизајнирање на 16 јавни површини.

Иницијативата за редизајн на јавни површини обезбеди да се развијат концепти кои ќе можат да систематизираат и интегрираат во постоечкиот градски модел, ќе создадат нови градски искуства и атмосфери, ќе го разубават градот и ќе помогнат во ублажување на ефектите од урбаните тополотни острови.

Откриј повеќе

Вело паркингот ќе ги поттикне граѓаните поактивно да користат велосипеди, ќе промовира интермодален транспорт (велосипед, автобус, воз, итн.) а со тоа и ќе придонесе кон зајакнување на инфраструктурата за алтернативен транспорт. На финалната презентација беа избрани три решенија кои освоија награди, а победничкото решение ќе биде изведено на локација во склоп на Транспортен центар Скопје!

Откриј повеќе

Ресурси