Од 7ми до 11ти октомври во Сараево се одржа вториот модул од програмата SI Innovation Leaders (SIIL) Programme во која учествуваше нашиот член од тимот Софија Богева.
Целта на ова програма е да придонесе кон зајакнување на еко-системот на иновации во регионот на западен балкан. Преку програмата, а со помош на шведското знаење и експертиза ќе креира платформа за размена на знаења и решавање на проблеми помеѓу експертите за развој на иновации во соодветните области од јавниот, приватниот, граѓанскиот сектор и академијата. Во оваа прва година во програмата учество земаат експерти од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија.
За време на овој втор модул, учесниците имаа можност да бидат и дел од Самитот за иновации во Сараево (линк).
Програмата е финансирана од Шведскиот институт (Swedish Institute (SI)), јавна агенција која промовира интерес и доверба во Шведска низ целиот свет, а имплементирана во соработка со Enact Sustainable Strategies.