Јавните услуги: Иднината

Првото нешто кое ви паѓа на ум кога ќе се спомене јавен сектор сигурно не е иновативност. Меѓутоа, голем број организации, општини и градови неуморно работат ваквата перцепција да се промени.

Имајќи ги предвид брзината со која се развива технологијата и бројот на стартапи кои нудат нови и подобрени продукти, во една ваква конкурентна средина општините не смеат да си дозволат да го занемарат подобрувањето на сопствените јавни услуги.

На новиот во серијата TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани со тема “Јавните услуги: Иднината” (Public Services: The future) ќе зборуваме токму зошто и како јавните услуги се иновираат, а ќе дискутираме и за успешните примери од странство и Македонија. Целта е да размениме мислења и знаење за процесите преку кои јавните услуги може да станат подобри, односно како со помали трошоци до поголема ефикасност преку имплементација на нови методи и технологии.

Настанот ќе се оддржи на 30.09.2017 со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации, Барака 1 на ФИНКИ во Скопје.

Настанот е независно организиран ТEDx настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на експерт гостите, партнер организациите и агендата на настанот дополнително ќе бидат објавени.

Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар:
https://goo.gl/forms/nLS3bvNGwCOwgC623

Поддржувачи:
Град Скопје Официјален профилСкопје Лаб – Центар за иновации на Град СкопјеFINKI – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско ИнженерствоSocial Innovation Hub SkopjeSmartUp – Social Innovation Lab

Car Sharing: Иднината на транспортот

Дали достапноста и релативно ниската цена на возење и поседување автомобил предизвикува преголема конзумација? Дали автомобилот ја има оддамна поминато точката на служење исклучиво како алатка за транспорт? Како вистински да го дефинираме овој предизвик и уште поважно, како да се справиме со него? 76% од граѓаните во Америка се возат сами во автомобил. Вака некако изгледа и сликата за Скопје, еден од нај загадените градови во Европа.

Со идеја да зборуваме за горенаведените точки меѓутоа и да го продлабочиме нашето разбирање за економиите за споделување, принципите на peer-to-peer бизнис моделите и идејата, ефектите и имплементацијата на car sharing системите го организираме новиот настан во склоп на серијата TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани.

Со темата “Car Sharing: Иднината на транспортот” (Car Sharing: The future of transport) ќе зборуваме за мотивот позади споделувањето на возила како и воопшто причините зошто како општество се повеќе и повеќе сакаме да споделуваме. Исто така, ќе дискутираме и за успешните примери од странство и Македонија на темата но и пошироко, за општественото и економското влијание од ваквите промени. Целта е да размениме мислења и знаење за процесите преку кои ваквите иновации може да станат подобри, односно како со помали трошоци до поголема ефикасност и одржливост преку имплементација на нови методи и технологии.

Настанот ќе се оддржи на 20.09.2017 со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации, Барака 1 на ФИНКИ во Скопје.

Настанот е независно организиран ТEDx настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на експерт гостите, партнер организациите и агендата на настанот дополнително ќе бидат објавени. Настанот е организиран во склоп на Европската недела на мобилност.

Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар:
https://goo.gl/forms/9KAW0XMhTXbODpg73

Поддржувачи:
Европска недела на мобилност/МЖСПППрв до врвСкопје Лаб – Центар за иновации на Град СкопјеГрад Скопје Официјален профил,FINKI – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство,Social Innovation Hub SkopjeSmartUp – Social Innovation Lab