Град Скопје и Скопје Лаб на работилница за ко-дизајнирање на предлог проект за финансирање од Европскиот институт за иновации и технологија

Град Скопје изрази интерес да се вклучи како партнер во проектот “Градови на иднината од Југоситочна Европа”, поддржан од Европски институт за иновации и технологија, Клима – Зедница на знаење и иновации. Главна цел на проектот е да се обезбеди градење на критичните капацитети на градовите, кои веќе имаат покажано заложба за системска промена на ниво на град, потребни да ја остварат мисијата: Инклузивна, просперитетна и нула-јаглеродна трансформација на 15 градски населби во 5-7 градови на Балканот, правејќи ги овие градови најквалитетни места во Европа за живеење, работа и посета до 2025 година.

За таа цел во периодот 11-12 Април 2019, во Загреб, Хрватска беше спроведена работилница за ко-дизајнирање на предлог повеќегодишен проект за финансирање од Европскиот институт за иновации и технологија. На работилницата од Скопје учествуваа Ловрен Маркиќ, Раководител на Сектор за меѓународна соработка при Град Скопје и Софија Богева, Координатор на Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб. Освен Град Скопје, на работилницата присуствуваа и го потврдија својот интерес за соработка и следниве градови: Марибор (Словенија), Сарајево (Босна и Херцеговина), Кржевци (Хрватска), Ниш (Србија) и Крагујевац (Србија).

Со цел официјализирање на партнерството во овој проект сите вклучени партнери ќе потпишат и Изјава за партнерство (Partnership Statement), со која ја потврдуваат својата заложба за остварување системски промени.

Следете нè за нови информации!

 

ИКЕА ќе тестира изнајмување мебел на 30 пазари

Во овој напис прочитајте како ИКЕА, согледувајќи ги потребите на своите корисници и свесноста што ја имаат за влијанието коешто го има нивниот шопинг за мебел врз животната средина, реши речиси целосно да го трансформира својот начин на работа и да воведе понуди за лизинг на мебелот.

КААРСТ, Германија, 3 април (Ројтерс) – ИКЕА ќе ги прошири тестирањата за да им овозможи на потрошувачите да изнајмат бироа и софи, наместо да купуваат, бидејќи како одговор на зголемена загриженост за животната средина, таа се дистанцира од продажба на евтин мебел за еднократна употреба.

Најголемата светска групација за мебел прво рече дека размислува за лизинг на мебел во февруари. Во средата, таа ги појасни своите планови на настанот кој се одржа во нејзината прва „одржлива“ продавница во Каарст, западна Германија, отворена во 2017 година.

„Тестирањето на можностите за понудите за лизинг е еден од начините на кои ние се предизвикуваме за да ја испорачаме нашата стратегија за трансформација.“ рече Јеспер Бродин, извршен директор на Ингка Групацијата, која ги поседува повеќето продавници на ИКЕА.

„Климатските промени и неодржливата потрошувачка се меѓу најголемите предизвици со кои се соочуваме во општеството.“

Потегот на ИКЕА за поддржување на поциркуларна економија доаѓа како резултат на тоа што многу млади потрошувачи велат дека сакаат да го минимизираат нивното влијание врз животната средина, претпочитајќи да изнајмат предмети, од облека до автомобили.

Нејзиниот бизнис модел веќе се најде под притисок од порастот на онлајн малопродажбата и се поголемото колебање кај помладите купувачи да патуваат до нејзините огромни продавници надвор од градот, да го донесат спакуваниот мебел дома и самите да го склопат.

Rent the Runway, која претходно изнајмуваше само дизајнерска облека и додатоци, минатиот месец изјави дека ќе соработува со брендот West Elm на Williams-Sonoma Inc. за да им овозможи на претплатниците да изнајмат домашен декор.

ИКЕА, која минатата година имаше глобана продажба од 39 милијарди евра (44 милијарди долари), рече дека сака да развие понуди за лизинг базирани на претплата, со цел да поттикне производите да бидат повторно користени што е можно повеќе пати пред тие да бидат рециклирани.

Таа веќе се заложила сите свои производи да ги направи од обновливи и рециклирани материјали до 2030 година и исто така да ги дизајнира сите свои производи повторно да бидат користени, поправани и рециклирани. Во 2018 година, се справи со 1 милион нарачки за резервни делови за поправка на производи.

ИКЕА веќе започна со тестирање на различни проекти за изнајмување мебел во Холандија, Шведска, Швајцарија и Полска и има за цел да ги прошири тестирањата на сите свои 30 пазари следната година.

Во Шведска и Швајцарија, ја разгледува можноста за обезбедување мебел за компании на претплатнички модел, додека во Холандија тестира пакет за изнајмување за студенти во соработка со здружение за домување.

Прочитајте го оригиналниот напис на англиски јазик: https://www.reuters.com/article/ikea-sustainability/ikea-to-test-furniture-rental-in-30-markets-idUSL8N21K5KA

Интегрирање на зелено и сиво: креирање инфраструктура на следната генерација

           Традиционалните инфраструктурни системи ширум светот се потпираат на изградени решенија кои го поддржуваат непреченото и безбедно функционирање на општествата. Во време на мултиплицирање на заканите по животната средина, овој пристап сам по себе не може повеќе да обезбеди отпорност на климата и ниво на услуги кои се потребни во 21-от век. Природните системи како што се шумите, поплавните подрачја и почви, може да придонесат за сигурно снабдување со чиста вода и заштита од поплави и суши. Во многу случаи, комбинирањето на оваа „зелена инфраструктура“ со традиционалната „сива инфраструктура“, како што се браните, насипите, резервоарите, пречистителните системи и каналите, може да ги подобри перформансите на системот, да ја зголеми отпорноста, да ги намали трошоците и подобро да ги заштити заедниците.

Давателите на услуги како што се водоводните претпријатија, агенциите за управување со поплави, агенциите за наводнување и хидроенергетските компании може да испорачаат поекономични услуги преку интегрирање на зелената инфраструктура во нивните планови. Меѓутоа, за да ја насочи својата соодветна употреба во главните инфраструктурни програми, зелената инфраструктура мора да биде строго евалуирана и внимателно дизајнирана како и сивите проекти.

Овој извештај им дава насоки на давателите на услуги на земјата во развој и нивните партнери за тоа како да ја искористат оваа можност. На давателите на услуги тој им нуди рамка за проценка на зелената инфраструктура од техничка, еколошка, општествена и економска перспектива и проценка на клучните поволни услови со илустративни примери. Тој исто така дава насоки за креаторите на политики и партнерите за развој, кои мора да ги постават иницијативите и поволните услови за да ги вклучат решенијата кои ја обединуваат зелената и сивата инфраструктура.

Преземи го целосниот извештај овде

Текстот е превземен од  World Resource Institute

Изработено од Greg Browder, Suzanne Ozment, Irene RehbergerBescos, Todd Gartner и Glenn-Marie Lange – март 2019

Зелена наспроти сива инфраструктура: Кога природата е подобра од бетонот

         Инфраструктурата е клучна за економскиот развој. Но додека владите дебатираат за иднината на одржливиот развој на Rio+20 конференцијата, постои едно инфраструктурно решение кое може да обезбеди добар поврат на инвестициите: природата.

Сливот на езеро Sebago во Портланд, Мејн. Фотографија: Western Foothills Land Trust

Луѓето често не мислат на шумите, мочуриштата, коралните гребени и други природни екосистеми како форми на инфраструктура. Но тие се. Шумите, на пример, може да ги спречат тињата и загадувачите да влезат во потоците кои ја обезбедуваат слатководната вода за градовите и претпријатијата. Тие можат да делуваат како природни филтрациски системи за вода. Како такви, тие се форма на „зелена инфраструктура“ која може да ја извршува истата функција како и „сивата инфраструктура“, човечки решенија кои често вклучуваат бетон и челик. Овој пример не е единствен.

Веќе постојат примери на јавни и приватни инвестиции во зелена инфраструктура. На пример, Богота, Колумбија спроведува конзервација и реставрација на нагорниот пејсаж како алтернатива на повеќе конвенционални технологии за третман на вода. Градот Хо Ши Мин  ги поврати мангровите дрвја наместо да гради насипи со цел да го заштити крајбрежјето од штетите при невреме. А хемиски објект во Тексас  изгради мочуриште наместо да користи длабоки отпадни бунари за третман на отпадните води.

Трошоците за зелена наспроти сива инфраструктура

Она што треба да биде од посебен интерес за министрите за финанции, главните финансиски службеници и конзерваторите е дека, во многу случаи, инвестициите во зелената инфраструктура може да бидат многу поевтини отколку оние во сивата инфраструктура. На пример, Њујорк направи евалуација на два модели на управување со приливот од атмосферските води.

Едниот беше план за зелена инфраструктура кој го нагласуваше обновувањето на тампон зона на потокот, зелени покриви и био-вдлабнатини, пејсажни елементи дизајнирани да ја отстранат тињата и загадувањето од површинската вода. Другиот беше план за сива инфраструктура кој вклучуваше тунели и одводи од бури. Опцијата за зелена инфраструктура презентираше заштеди на трошоците за повеќе од 1.5 милијарди долари. Донесувачите на одлуки во Ајдахо и Северна Каролина најдоа слични начини за заштеда на трошоците преку зелената инфраструктура.

Ако зелената инфраструктура може да обезбеди споредливи придобивки со сивата инфраструктура по намалени трошоци, тогаш може да се направи финансиски план за инвестирање во зачувувањето, одржливото управување и/или обновување на природните екосистеми за да се постигнат развојни цели.

Анализа на трошоците и придобивките од зелената инфраструктура

За да помогнеме да се направи овој финансиски план, потребен ни е метод за проценка на зелените и сивите трошоци на начин кој ги споредува ’јаболката со јаболка‘ и се фокусира на направените трошоци. Работејќи со голем број на партнери, WRI разви таков пристап за „зелено-сива анализа“ и го примени во сливот на езерото Себаго, кое обезбедува вода за Портланд, Мејн (погледнете го нашиот краток преглед, Увиди од теренот: Шуми за вода).

Портландскиот воден регион (PWD) во моментов се квалификува за избегнување на филтрација според Правило за третирање на површинската вода од 1989 на Американската агенција за заштита на животната средина (EPA). Ова правило ги одвраќа  јавните системи за вода од потребата да инсталираат системи за филтрација на вода се додека корисни практики за искористување на земјиштето ги одржуваат концентрациите на честички и загадувачи на или под регулаторните основни линии. Сепак, неодамнешниот нагорен развој, расчистување на шумите и порастот на населението може да го загрозат откажувањето од филтрација, потенцијално принудувајќи го Портландскиот воден регион да инсталира конвенционален систем за филтрација преку мембрана – скап предлог.

Во овој контекст, WRI и партнерите неодамна ја истражуваа економичноста на конвенционалната сива инфраструктура наспроти алтернативите на зелената инфраструктура што ќе помогнат да се задржи квалитетот на водата и да се избегне филтрација. Овие алтернативи вклучуваа крајбрежни тампон зони, обновување на шумите, конзерваторски служби, одржливо сертифицирање на идните сечи на дрва и надградби на одводни канали или дренажни цевки. Трошоците поврзани со опциите за зелена инфраструктура беа утврдени преку консултации на лице место, јавно достапни податоци и геопросторна анализа. Откривме дека инвестирањето во опции за зелена инфраструктура може да претставува заштеда на трошоците и до 67 проценти во однос на изградбата на нова постројка за филтрирање (Слика 2). И таа анализа беше конзервативна. Ние само ги разгледавме трошоците за да постигнеме една посебна придобивка од чистата вода – исполнување на правилото на EPA. Ние не ги проценивме дополнителните продобивки од опциите за зелена инфраструктура, како што се приходот од дрвна граѓа, зголемена концентрација на јаглерод, можностите за лов и рекреација и зголемени вредности на имотот поради зачуваната естетика. Ако го направевме тоа, нето економските придобивки од опцијата за зелена инфраструктура би биле уште поголеми.

Неизвесноста околу ефикасноста на зелената инфраструктура, трошоците, попустите дисконтните стапки и условите за финансирање ќе влијаат на релативните финансии помеѓу зеленото и сивото за билокој конкретен проект. Зеленото не секогаш ќе биде поекономично од сивото. Сепак, анализата за Портланд ја покажува корисноста на општа методологија за да се проценат споредбите на трошоците.

Зелена инфраструктура и одржлив развој

Лекцијата тука е дека наместо автоматски да се прибегне кон насипи и цевки за да се контролираат поплавите, ние прво треба да разгледаме обновување на мочуриштата. Наместо да градиме морски ѕидови, ние треба да размислиме за зачувување на песочните дини и коралните гребени. И пред да се изградат повеќе системи за филтрирање на водата, најпрво би можеле да размислиме за рехабилитирање на низводните сливови. Иако зелената инфраструктура можеби не секогаш е најекономичниот пристап, со силна методологија во рака, планерите можат да ја споредат зелената со сивата и да идентификуваат нови можности за инвестирање во природата.

За планерите – посебно оние во Рио+20 – кои гледаат да ги задоволат барањата на инфраструктурата на 21-от век, лекцијата е јасна: размислете за зелено пред да инвестирате во сиво.

Текстот е превземен од  World Resource Institute

Изработено одJohn Talberth и Craig Hanson – јуни 19, 2012

 

Разоткривање на митовите: 5 работи кои треба да ги знаете за зелената инфраструктура

Повеќе од 600 милиони луѓе немаат чиста вода за пиење. Секоја година сушата влијае на повеќе од 35 милиони луѓе. А до 2050, 1.3 милијарди луѓе ќе живеат во подрачја склони на поплави. Повеќето луѓе мислат дека градењето брани, пречистителни станици и друга инфраструктура е единственото решение за овие проблеми – но тоа е само затоа што тие не ги земаат предвид многуте придобивки од зелената инфраструктура.

Фотографија:  Marizilda Cruppe/Flickr

Зелената инфраструктура како на пример, здравите шуми, мочуриштата и коралните гребени може евтино и ефикасно да ги подобри перформансите на традиционалните градби или „сивата инфраструктура“. На пример, зелените покриви може да ја задржат дождовницата, намалувајќи го поплавувањето и притисокот на канализационите системи; мангровите шуми може да ги надополнат морските ѕидови со намалување на бурата. Сепак, зелено-сивите проекти остануваат релативно неинтересни главно заради постојаните митови за нивната изводливост.

Новиот извештај на Светска Банка и WRI покажува како интегрирањето на зелената инфраструктура при главното планирање на проекти и инвестиции може да помогне да се пополни светската празнина во однос на водената инфраструктура. Овде, ние ги разоткриваме петте митови кои ја уназадуваат зелената инфраструктура:

1 МИТ: Инфраструктурата е изработена од бетон и челик

Природните системи како шро се шумите, поплавните подрачја, почвите и мочуриштата можат да придонесат за сигурно снабдување со чиста вода, заштита од суши и поплави и подобрување на земјоделската продуктивност. Зелената и сивата инфраструктура може да се користи во тандем за да се подобрат севкупните перформанси на системот и отпорноста на климата, често пати по пониска цена.

Некои влади отидоа понатаму во размислувањето за инфраструктурата, односно не само како за градежни проекти. Перу сега има закон со кој се бара претпријатијата за водоснабдување да одвојат дел од своите приходи за реинвестирање во зелена инфраструктура како на пример, пошумување и одржливи земјоделски проекти низводно од пречистителните станици. Калифорнија ги класифицира водотеците како инфраструктурни компоненти. Кинеската Национална програма за сунѓерести градови има за цел да го намали поплавувањето од атмосферските води и повторно да ја искористи дождовницата со покривање на 80% од урбаните области во материјали кои можат да ја задржат водата, како што се зелените покриви и порозните тротоари.

2 МИТ: Зелената инфраструктура нуди придобивки само за животната средина

Додека еколошките придобивки од зелената инфраструктура е тешко да се пропуштат, понекогаш правиме превид во однос на техничките, општествените и економските придобивки од овие проекти кои ги прават уникатно поволни.

Зелената инфраструктура може да се спои со сивите системи за да се обезбедат услуги по пониска цена. На пример, обновувањето на деградираните шуми може да биде поевтино од надградбата на конвенционалната постројка за пречистување на водата, истовремено зголемувајќи го квалитетот на водата на ист начин. Шумите природно го задржуваат седиментот, што го подобрува квалитетот на водата. Отстранувањето на седиментот од водата често е најскапата задача на пречистителната станица за вода.

Зачувувањето на водата преку зелената инфраструктура покажува колку природните решенија можат да ги зајакнат локалните економии. Проектот за зачувување на водата на Кина го зголеми приходот на фармерите за 200 проценти и го зголеми нивото на подземните води во сушните северни рамнини на земјата со користење на одржливи земјоделски техники како зелена инфраструктура. Светска Банка пресмета дека економската стапка на поврат за овие мерки е 19-24 проценти.

Зелените покриви можат да задржат голема количина на дождовница, да ги намалат поплавите и стресот на пречистителните станици.Фотографија: DJANDYW.COM/Flickr

3 МИТ: Проектите за развој на инфраструктурата секогаш наидуваат на ставот „не во мојот двор“(НВМД)

И зелените и сивите инфраструктурни проекти може да доведат до тешки одлуки за локалните заедници во однос на нивната употреба на земјиштето, средствата за живеење и начинот на живот. Меѓутоа, ако е добро дизајнирана, зелената инфраструктура може да донесе општествени ко-придобивки, спречувајќи некои од НВМД фразите кои се толку чести со новата градба.

Проектите за зелена инфраструктура се уникатни по тоа што заедниците често ги присвојуваат на некој начин, со тенденција за нивно долгорочно работење и одржување. На пример, Фондот за управување со сливови ангажира заедници во Махараштра, Индија, за да ја врати водата назад во сливот на Кумбарвади. Тие им помогнаа на членовите на заедницата да имплементираат решенија како што се пошумување на деградирани области и терасирање на земјиштето за да се забави и да се зачува истекувањето на водата. Проектот помогна да се зголемат нето земјоделските приходи за 10 пати, да се надополнуваат подземните води и да се зголеми вредноста на фармите. Успехот на проектот може да се припише на фактот што правилното донесување одлуки и сопственоста на заедницата ги стави во центарот на нејзините иницијативи за зелена инфраструктура. Веќе дваесет години, проектите на Фондот за управување со сливови во Махараштра се сè уште силни.

4  МИТ: Инфраструктурата е со висока концентрација на јаглерод и осетлива на климатски промени

Индустријата за цемент е изворот на околу 8 проценти од глобалните емисии на јаглерод, правејќи ја изградбата на традиционалната инфраструктура процес со високо ниво на јаглерод. Зелената инфраструктура, од друга страна, е потенцијално огромен апсорбент на јаглерод. Запирањето на уништувањето на шумите и нивно обновување може да отстрани онолку јаглерод диоксид секоја година колку и отстранување на 1.5 милијарди автомобили од патиштата. Тоа е главната причина што повеќе од 100 земји се обврзаа да ги заштитат или обноват екосистемите, како дел од нивните национални климатски планови

Зелената инфраструктура, исто така, може да ја зголеми отпорноста на климата бидејќи е флексибилна, реверзибилна и може да се прилагоди на променливите услови на начини на кои изградените системи не можат. На пример, насипот за контрола на поплави може да се скрши кога бурите се премногу силни; добро управувана поплавна рамнина генерално не е погодена од екстремни временски услови.

Во исто време, зелената инфраструктура е исто така подложна на климатските промени, а промената на заканите за видовите, пожарите и зголемувањето на ниото на водите го земаат својот данок за сметка на природниот свет. Заштитувањето на овие системи и справување со климатските промени ќе ги зачуваат придобивките што тие можат да ги обезбедат.

Мангровите шуми можат да ги надополнат ѕидовите за заштита од бури. Фотографија: Adam Fagen/Flickr

5 МИТ: Инфраструктурата е скапа и тешка за финансирање

Секоја година, од сега до 2030 година, светот ќе треба да инвестира  околу 171-229 милијарди долари за водоснабдување и санитација, 23-335 милијарди долари за заштита од поплави и 43-100 милијарди долари за наводнување за да се исполнат Целите за одржлив развој. Користењето само на сиви системи ќе резултира со бројки на повисокиот крај од овие спектруми. Истражувањето на природни решенија може да ги намали трошоците кои се потребни за пополнување на празнините во услугата.

Финансирањето на инфраструктурен проект често може да биде најтешкиот чекор за започнување, но зелените проекти може да донесат нови инвеститори на маса. Зелената инфраструктура може да биде дизајнирана да создаде еколошки и општествени ко-придобивки кои ќе ја подобрат нивната севкупна економска одржливост и ќе ги направат посебно атрактивни за инвеститорите кои се водени од мисијата. На пример, минатата година Фондот за отпорност на шумите во Калифорнија привлече 4.6 милиони долари приватен капитал за проект за обновување на шумите преку рекламирање на проектот за намалување на ризикот од пожари и придобивките од водоснабдувањето за водоводните претпријатија и резиденцијални области.

Зелената инфраструктура е инфраструктура на следната генерација

Следната генерација на инфраструктура мора да се прилагоди на реалностите на 21-от век и да ги искористи сите најдобри стратегии кои се достапни. Затоа е од клучно значење за носителите на одлуки систематски да ја разгледаат улогата на природните системи и, каде што е соодветно, да ја интегрираат зелената и сивата инфраструктура.Новиот извештај дава насоки, пристапи и примери за тоа како да се интегрира зелената инфраструктура во планирањето и инвестициите на начин што ги задоволува потребите на инфраструктурата, ги намалува трошоците и има придобивки за локалните заедници. Иако инкорпорирањето на зелената инфраструктура нема да има смисла во секој проект, важно е да се потпрете на фактите, а не на митовите при донесувањето одлуки за управување со водите и развој.  

 

Текстот е превземен од  World Resource Institute

Изработен од Suzanne Ozment и Irene Rehberger Bescos – март 21, 2019