Зелени површини – Повик за тутори

СкопјеЛаб продолжува со иницијативата за редизајн на зелени јавни површини, овој пат со поголемо вклучување на граѓаните и заедницата на млади архитекти.

За таа цел, со поддршка на МЕЛЕЕМ Скопје, објавуваме Повик за тутори(Urban Changemakers) за реализација на две дводневни работилници за ко-креирање кои ќе се одвиваат во текот на Декември.

Потребни вештини:

  • завршени магистарски или додипломски студии (архитектура, електротехнички науки, енергетска ефикасност, економски, право, уметност и друго)
  • имате желба и идеи да го подобрите градот
  • имате искуство во водење на група и/или работилница
  • позитивни сте, спремни за работа во динамичен тим
  • одлично познавање на англиски јазик, и други јазици опционално
  • имате или немате некое хоби, иницијатива или стартап на страна од вашата примарна професија

Сите заинтересирани нека испратат CV на [email protected]

Прочитајте повеќе за иницијативата: https://www.skopjelab.mk/predizvik/redizajn-na-javni-zeleni-povrshini/

Прва регионална работилница #Градови на Иднината во Југоисточна Европа

Првата регионална работилница од проектот Градови на Иднината во Југоисточна Европа (Future Cities of South East Europe) поддржан од ClimateKic се одржа во Белград на 24- 25ти септември. На работилницата учествуваа претставници од сите 5 градови вклучени во проектот од 5те држави од регионот – Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. 

За време работилницата тимовите работеа на дефинирање планови за работа до крај на 2019, разменија практики и искуства помеѓу партнер градовите во поглед на минати и активни проекти и активности кои се врзуваат и/или се комплементарни со проектот. Дополнително се мапираа сегашните состојби на градовите учесници, засегантите страни и можните извори на финансирање на пилот акциите.

Бидејќи проектот цели кон дефинирање на стратешки процес за ко-креирање на решенија кои ќе помогнат градовите да одговорат на климатската криза и да престанат со емитување на стакленички гасови, беа разгледувани и презентирани и иновативни практики за соработка со заедниците кои би помогнале во процесот.

Град Скопје како и другите четири градови преку овој проект сакаат да обезбедат просперитет за локалните заедници во наредните декади, и за тоа се обврзуваат да работат брзо, да поттикнуваат и имплементираат политики, проекти и процеси кои ќе обезбедат:

  1. Квалитетот на воздухот во нашите градови да влезе во рамки на препорачаните граници на Светската Здравствена Организација до 2023;
  2. Постигнување приближно нула емисии на стакленички гасови до 2030 година преку развој на циркуларна економија;
  3. Еднаков пристап на сите членови на нашата заедница до пристојно домување, здравствена заштита, образование, мобилност, храна, вода, зелени и живи јавни места, безбедни и продуктивни можности за работа;
  4. Намалување на влијанијата на топлината и поплавите врз нашите заедници од година во година.

Следната регионална работилница ќе се одржи во Крижевци, Хрватска во периодот 26 – 28 Ноември 2019.

Проектот се реализира под водство на EIT Climate-KIC (https://www.climate-kic.org/) а во партнерство со организациите: Chamber of Commerce and Industry of Serbia, Bankers without Boundaries (UK), Green energy cooperative Croatia, The Democratic Society AISBL (UK) и градовите Марибор (Словенија), Сарајево (Босна и Херцеговина), Крижевци (Хрватска) и Ниш (Србија).

Дознајте повеќе за проектот на: https://www.skopjelab.mk/gradovi-na-idninata-vo-istochna-evropa/

Можност за студентско практиканство

Приклучи се во проект каде што ќе имаш можност да работиш на промена на градот во кој живееме!

СмартАп – Лабораторија за социјални иновации заедно со Град Скопје и мрежата на знаење и иновации која работи под институтот за технологија и иновации (EIT Climate-KIC), започнуваат еден амбициозен и експериментален проект преку кој се цели Скопје да се трансформира во град со нула емисии, засилувајќи ја својата борба против климатската криза. Иницијативата има за цел да поттикне поголема ангажираност од страна на заедницата, ставајќи ги граѓаните, граѓанските организации, функционери, научници и бизнис заедницата во улога на ко-креатори на решенија.

Ти можеш да ни помогнеш да ја засилиме моќта на дејствување при градењето на оваа голема заедница!

Повеќе за проектот може да најдете овде – https://www.skopjelab.mk/gradovi-na-idninata-vo-istochna-evropa/

Твоите обврски ќе вклучуваат:

  • Собирање и анализа на податоци за трендови поврзани со климатската криза и развојот на Скопје
  • Подршка во поодготовка и спроведување на индивидуални интервјуа со граѓани
  • Подготовка на краток опис на истажувачките активности
  • Подготовка на промотивна содржина за активностите кои се реализираат
  • Учество на состаноци со различни засегнати групи и презентација на проектот
  • Присуство на циклични интерни состаноци со други членови од тимот и меѓународни експерти

Во зависност од твоите интереси и вештини, индивидуалните задачи можат да се сменат.

Пријави се ако:

  • сакаш да стекнеш искуство со работа на иновативен, експериментален проект од енормно значење
  • си комуникативен
  • си креативен и полн со идеи
  • знаеш да користиш дигитални, онлајн документи и дигиталната комуникација не ти претставува предизвик/пречка
  • Имаш добро познавање на англиски јазик

Твоето мотивациско писмо испрати го на [email protected] најдоцна до 26.11.2019

Градови на Иднината во Југоисточна Европа

СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации која го координира Центарот за иновации на Град Скопје – СкопјеЛаб заедно со Град Скопје од август 2019 работат на проектот „Градови на Иднината во Југоисточна Европа“.

Проектот е под водство на EIT Climate-KIC (https://www.climate-kic.org/), во партнерство со Стопанска и индустриска комора на Србија, Банкари без граници (Обединето Кралство), Кооператива за зелена енергија (Хрватска), Демократско општество AISBL (Обединето Кралство) и градовите Марибор (Словенија), Сарајево (БиХ), Крижевци (Хрватска) и Ниш (Србија).

Предизвик

Градовите во Југоисточна Европа се соочуваат со многу предизвици дел од кои загадување на воздухот, лоша инфраструктура, неефикасни јавни услуги, емиграција и намалена доверба во јавните институции. Сите овие взаемно ги зајакнуваат негативните ефекти, отежнувајќи го процесот на изнаоѓање решенија кои ги адресираат причините и последиците од климатските промени. Од друга грана, овој регион има огромен потенцијал.

Преку оваа иницијатива ќе го искористиме тој потенцијал и ќе се обидеме да најдеме решение за дадените предизвици. Ќе демонстрираме на нашиот регион и светот дека е возможно да се направи токму тоа што му е потребно на нашето општество.

Цели на проектот

Нашата мисија е да трансформираме неколку градови од Југоисточна Европа во едни од најдобрите за живеење, работа и посета до 2025.

Град Скопје, заедно со Марибор, Сарајево, Крижевци и Ниш, преку овој проект ќе се обидат да ги остварат следните приоритетни цели:

  1. Квалитетот на воздухот во нашите градови да влезе во рамки на препорачаните граници на Светската Здравствена Организација до 2023;
  2. Постигнување нула емисии на стакленички гасови до 2030 година преку развој на циркуларна економија;
  3. Еднаков пристап на сите членови на нашата заедница до пристојно домување, здравствена заштита, образование, мобилност, храна, вода, зелени и живи јавни места, безбедни и продуктивни можности за работа;
  4. Намалување на влијанијата на топлината и поплавите врз нашите заедници од година во година.

Пристап

Изнаоѓање на вистинскиот начин за постигнување на нашата мисија ќе бара од нашите заедници одново да научат како да работат колективно кон постигнување на потребните заеднички резултати. Потребата нѐ води кон тоа да преминеме над традиционалните политички динамики и односи, кон сеопфатен пристап на нови модели на управување; желба за експериментирање со различни типови на соработка; и градење на различни работни односи и структури во нашите општества.

Процесот на планирање и имплементација на нашите активности ќе биде заснован на ко-креирање од страна на нашите заедници, со цел ставање фокус на локалните приоритети и долгорочното колективно партнерство.

Со цел да обезбедиме сеопфатност во работата и длабочина во имплементацијата, првично ќе се фокусираме на ниво на соседства во секој град. Ова е докажана стратегија за организирање активности кои ќе бидат вградени во заедниците, како и за поедоставување на процесот на имплементација за предизвици кои го засегаат целиот град. Секој град првично ќе се фокусира на 2-3 соседства кои се репрезентативни за предизвиците со кои се соочува целиот град, демонстрирајќи пример активности што можат да се преземат на ниво на цел град.

Во текот на целото искуство, ќе развиеме и креираме портфолио со експерименти и проекти.

Во текот на 2019 и 2020, 5те водечки градови ќе се фокусираат на обликување и градење на основите на портфолиото на активности кои ќе бидат применети во следните 10 години.

Активности

План за 2019:

  • Редефинирање на моменталната ангажираност, ко-креација на стратегии за работење со нашите заедници и градење кон поамбициозни и инклузивни пристапи
  • Селекција на 2-3 соседства во фокус за Скопје
  • Мапирање на постоечки портфолија на активности во секој град, актери и резултати 
  • Развој на случај за нула емисии на јаглерод диоксид за Скопје и оформување на економска перспектива за трансформација 
  • Обезбедување дополнителни финансии за доградување на EIT инвестицијата во склоп на оваа иницијатива
  • Истражување на ефективни решенија за јавно управување, мапирање и повикување на засегнати страни од различни сектори за поддршка и испорака на стратегиска насока кон визијата за град со нула емисии на јаглерод диоксид
  • Зацврстување на нашите локални партнерства, ангажирање нови соработници и градење нови структури за имплементација.

 

План за 2020 и понатаму

Како што се движиме низ нашата работа во 2020 со постојано експериментирање, учење, подобрување, реплицирање и мерење, ние ќе го зголемиме нашето портфолио на интервенции, проекти и експерименти на координиран начин. Ова ќе биде клучен момент да започнеме да ги привлекуваме потребните инвестиции за проширување на дијапазонот на нашата работа.

Приклучете се во ова трансформативно патување

Ги покануваме сите организации кон заедничка соработка, експериментација и ко-креација на потребните нови начини на поддржување на градовите во нашето долгорочно патешествие кон трансформација на градот.

Контактирајте нѐ:

Проектен координатор: Софија Богева, [email protected]