Активни проекти

Пренос во живо: Презентација на решенија за прототип велосипедски паркинг


 

Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб ве поканува да ја следите онлајн презентацијата на прототип решенијата за велосипедски паркинг (модул – држач и вело пјацета), од кои најдобриот дизајн ќе биде поставен во склоп на Транспортен центар Скопје.

📅 18.05.2020
🕐 13:30 – 17:15 часот
📢Пренос во живо (livestream) на https://youtu.be/JYD-ZrRcQ54!

По спроведениот повик за учество во оваа иницијатива, од вкупно 22 пријавени беа одбрани 11 тимови-учесници меѓу кои архитекти, дизајнери, режисери и креативци, кои по воведната работилница, во текот на месеците април и мај работеа на дизајнирање прототип #ВелоПаркинг.

Прочитај повеќе

Идеи

Идеи за Град Скопје

Имаш идеја како Град Скопје може да ги подобри своите услуги и да го направи Скопје подобро место за живеење? Си воочил проблем на кој треба да му се најде решение? Ние во Скопје Лаб сакаме да слушнеме за тоа.

Сподели ја со нас твојата идеја за подобра или нова услуга на Град Скопје, нов проект или политика, и можеби токму ти ќе бидеш избран да работиш на дизајнирање и тестирање на твојот предлог заедно со Град Скопје!

Предложи идеја

 

  Осветлени пешачки премини

Осветлени пешачки премини со помош на соларни колекторот, пешачкиот премин каде што е белата боја да се постави плексиглас стакло отпорно на кршење за да би можеле пешаци и возила да поминуваат, додека помеѓу... Прочитај повеќе

 

  Повеќе брикети, помалку PM10 честици

Машини со брикети користени од домаќинства кои не се врзани со системот на топлификација.Државата би одвојувала средства од буџет за брикетите,со заштеда во долг рок. За заштеда, машините може да бидат донирани од.... Прочитај повеќе

Ресурси