Мапирање на искуство на корисникот при користење на просторот “Една точка на услуги”

СкопјеЛаб заедно со Студио TILT од Англија (http://studiotilt.com/) во текот на декември работи на тестирање на искуството на граѓаните со просторот “Една точка на услуги” при користење на јавните услуги кои ќе бидат достапни таму.

Во соработка со МИОА како надлежна институција за обезбедување на оваа услуга и со поддршка од УНДП овој проект има за цел да осигура просторот каде ќе се даваат овие услуги да ги задоволува потребите на сите граѓани а воедно и помага за нивно брзо, ефикасно и ефективно извршување.
Преку користење на прототип решенија при мапирање на корисничко искуство активноста ќе резултира со извештај со препораки за дизајнирање на просторот кој ќе одговара на потребите на корисниците.

За таа цел 20тина граѓани од различни групи (пол, возраст, различни типови на хендикеп, степен на попреченост, националност, итн.) беа поканети да го тестираат просторот каде ќе се даваат услугите. Ваквиот начин на дизајнирање со фокус на корисникот кој е во основата на работењето на СкопјеЛаб е особено важен за исполнување на целите и задоволување на потребите на корисниците.

Тестирањето на просторот “Една точка на услуги” е првата активност која произлегува од меморандумот за соработка кој се потпиша помеѓу МИОА и УНДП за кој повеќе информации може да најдете овде – http://www.mio.gov.mk/?q=node/4529.

Подолу може да видите фотографии кои беа направени за време на тестирањето.

Работилница за граѓанските организации – “Дизајнирање на проекти со користење на иновативна методологија”

СкопјеЛаб – Центарот за иновации на Град Скопје на 12 декември со почеток од 10 часот организира работилница за граѓанските организации на тема “Дизајнирање на проекти со користење на иновативна методологија фокусирана на потребите на корисникот (Design Thinking)”.  Работилницата ќе се одржи во просториите на НВО центар Скопје, МКЦ 1-КАТ.

Работилницата има за цел да ги запознае граѓанските организации со основите на “Design Thinking” –  иновативна методологија која помага полесно да се идентификуваат барањата на граѓаните и целните групи за дизајнирање проекти кои соодветствуваат на истите, генерираат подобри резултати и отвораат нови можности.

За време на работилницата ќе се работи и на мапирање на процесот и нивото на задоволство на граѓанските организации од досегашната соработка со одделението за соработка со граѓански организации – Град Скопје. Ваквите активности ќе помогнат во следниот период да се направи подобрување на процесот на комуникација помеѓу градот и граѓанските организации, начинот на дизајнирање на повици за грантови и пропратните процедури.

Доколку сметате дека работилницата е од ваш интерес пријавете присуство најдоцна до 11 декември (понеделник), 13 часот на [email protected]. На работилницата организациите може да учествуваат со најмногу 2ца претставници.

Петта последна работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

На 30 ти ноември, четврток од 12:30 до 16:30 часот во Големата сала на Совет на Град Скопје  Скопје ќе се одржи петтата и последна работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот.

Целта на оваа работилница е да се доработат веќе дефинираните прототип решенија и да се развијат во нивната конечна форма. Овие решенија ќе допринесат во намалување на проблемот со отпадот  и полесно справување со истиот.

На ова работилница ќе продолжиме да работиме со ист профил на учесници, претставници на релевантните институции и сектори како што се:  претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад, граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации, приватни компании кои работат на собирање отпад, како и индивидуални граѓани кои се заинтересирани активно да се вклучат во изнаоѓање на решението за овој битен предизвик на нашето општество.

Она што се очекува од ова последна работилница е финализирање на прототип решенијата:

    • Поставување на временската рамка
    • Идентификување на сите активности и чекори потребни за спроведувањето на прототипот
    • Дефинирање на потребниот буџет

Работилницата е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до 24ти ноември  на  [email protected].

Со задоволство ве очекуваме да продолжиме да работиме заедно!

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.

Четврта работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

На 27ми ноември, понеделник од 12:30 до 16:30 часот во просториите на УНДП (Јордан Хаџи Константинов Џинот, 23) Скопје ќе се одржи четвртата од серијата пет работилници за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот.

Целта на оваа работилница е предложените идеи од претходната работилница да се развијат во вид на прототип решенија кои ќе допринесат кон намалување на отпадот од домаќинствата, негово подобро одложување и собирање.

На ова работилница ќе продолжиме да работиме со ист профил на учесници, претставници на релевантните институции и сектори како што се: претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад, граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации, приватни компании кои работат на собирање отпад, како и индивидуални граѓани кои се заинтересирани активно да се вклучат во изнаоѓање на решението за овој битен предизвик на нашето општество.

Очекувани резултати од четвртата работилница се:

• Развивање на прототип решенија и тоа
o Дефинирање на составни елементи на решението
o Поставување на временската рамка
o Идентификување на сите активности и чекори потребни за спроведувањето на
прототипот
o Дефинирање на потребниот буџет

Работилницата е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до 24ти ноември на  [email protected] Со задоволство ве очекуваме да продолжиме да работиме заедно!

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.

Трета работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

На 17ти ноември, пeток од 13:30 до 17:30 часот во просториите на УНДП (Јордан Хаџи Константинов Џинот, 23) Скопје ќе се одржи третата од серијата пет работилници за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот (со фокус на фазите на селекција и одлагање (фрлање) на отпадот од домаќинствата).

За време на оваа трета работилница фокусот ќе биде даден на генерирање на идеи за адресирање на причините на проблемите кои беа идентификувани на претходните работилници.

И во третата работилница ќе продолжиме да работиме со ист профил на учесници, претставници на релевантните институции и сектори како што се: претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад, граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации, приватни компании кои работат на собирање отпад, како и индивидуални граѓани кои се заинтересирани активно да се вклучат во изнаоѓање на решението за овој битен предизвик на нашето општество.

Очекувани резултати од оваа работилница се: 

  • Генерирање на голем број на идеи
  • Приоретизација на идеите
  • Иницијален развој на приоритизираните идеи во потенцијални решенија

Работилницата е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до 16ти ноември на  [email protected]

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.

Втора работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

На 13ти ноември, понеделник од 15:00 до 19:00 часот во просториите на УНДП (Јордан Хаџи Константинов Џинот, 23) Скопје ќе се одржи втората од серија пет работилници за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот (со фокус на фазите на селекција и одлагање (фрлање) на отпадот од домаќинствата).

За време на оваa втора работилница ќе се презентираат заклучоците од првата работилница која беше посветена на сумирање и категоризација на податоците од истражувањето и на идентификување интересни сознанија за навиките, потребите и проблемите на граѓаните во процесот на управување со отпадот. 

Согласно тоа, фокусот на работа на оваа втора работилница ќе биде насочен кон артикулирање на причините за  идентификувани предизвици на граѓаните кои понатаму ќе послужат како основа за изнаоѓање на решенијата за истите.

И на оваа работилница ќе продолжиме да работиме со ист профил на учесници, претставници на релевантните институции и сектори како што се: претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад, граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации, приватни компании кои работат на собирање отпад, како и индивидуални граѓани кои се заинтересирани активно да се вклучат во изнаоѓање на решението за овој битен предизвик на нашето општество.

Очекувани резултати од оваа работилница се:
Идентификувани причините за посочените предизвици; идентификувана взаемна поврзаност (причини-последици) на причините и предизвиците; дефинирани идеи кои ќе допринесат за надминување на предизвиците; поставување на солидна основа за приоретизирање на идеи и разработка на решенијата за работилниците кои ќе следат.

Работилницата е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до 10ти ноември на [email protected]

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.

 

Прва работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

На 27ми Октомври, петок од 09:00 до 13:00 часот во просториите на УНДП, Скопје ќе се одржи првата од вкупно петте планирани работилници посветени на изнаоѓање на решенија за  справувањето со проблемот со отпадот (со фокус на фазите на одлагање (фрлање) и собирање на отпадот од домаќинствата).

Овие 5 работилници се реализираат во рамки на проектот на Скопје Лаб (подржан од УНДП и град Скопје) за дизајнирање и тестирање на иновативни решенија за подобрување на состојбата со отпадот (со фокус на фазите на селекција и одлагање (фрлање) на отпадот од домаќинствата) и тестирање на едно решение кое ќе произлезе во процесот.

Целта на оваа прва работилница е да се презентираат податоците од теренското истражување кое беше спроведено со собирачите на отпад и домаќинствата од Скопје, и да се работи на сумирање и категоризација на податоците со цел да се дојде до интересни сознанија кои ќе го посочат правецот во кој треба да се размислува при дизајнирање на идните решенија во текот на следните 4 работилници. На крај ќе се разгледаат некои првични идеи за дизајнирање на системско решение за решавање на проблемот.

На оваа прва работилница, ќе учествуваат претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад,  граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање,  Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации и неколку приватни компании кои работат на собирање отпад вклучувајќи го и електронскиот отпад.

Работилницта е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до среда, 25 октомври на [email protected]

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.

. 

Скопје Лаб на конференција во Париз – “Иновациите во јавниот сектор – Новата норма”

OECD Опсерваторијата за иновации во јавен сектор (OPSI) на 20ти и 21ви Ноември 2017 во Париз, Франција, организира конференција на тема: “Вклучување на иновациите во јавниот сектор – Новата норма”.

На конференцијата ќе се презентираат сознанијата од работата на OPSI од земјите кои ја трансформираат својата работа и работат на подобрување на животот на луѓето преку иновации. На конференцијата на едно место ќе се соберат владини лидери, јавни службеници и партнери од индустријата и граѓанското општество што работат на иновации со цел поврзување, размена на искуства и поттикнување соработка.

Двајца претставници од тимот на СкопјеЛаб ќе бидат дел од конференцијата со цел градење на мрежа на партнери и отворање на можности за соработка со други организции/институции кои работат на воведување на иновации во јавен сектор.

Повеќе информации за конференцијата и начинот на регистрација може да најдете овде.

Скопје Лаб на 2риот регионален форум за иновации – Sarajevo Unlimited

Од 2ри до 4ти Ноември 2017 во Сараево се одржува вториот регионален форум за иновации наречен “Sarajevo Unlimited”. Преку претставување на убавината на иновациите, потенцијалот на регионот – таленти, иновации, идеи и креативност и убавината на Сараево како еден неограничен простор, форумот има за цел да прикаже дека во регионот има потенцијал за да се работи и делува тука а воедно и да помогне во воспоставување на мрежи и контакти помеѓу различните актери од регионот.

СкопјеЛаб ќе има свој претставник на настанот со цел градење и проширување на бизнис мрежата и поттикнување развој на нови проекти со актери од регионот.

Повеќе информации може да најдете тука – https://www.weareunlimited.ba/

 

 

Education: Flipped Classroom

Новите можности за вработување и се поголемите барања на пазарот на трудот во поглед на вештини и способности се повеќе го истакнуваат јазот помеѓу потребите на пазарот и понудата на образованието. Образовниот систем понекогаш наликува на “заспан џин”, огромен и кревок систем кој тешко и бавно се прилагодува и согласно тоа не е во линија со барањата и движењата на приватниот сектор.

За овој џин многупати се има зборувано преку призмата на клучни образовни вредности и организација на училницата особено дискусии кои се однесуваат на организациската структура на училницата чии корени се влечат уште од индустриската ера.
Меѓутоа, ние длабоко веруваме дека уште поважно е да се зборува за можностите кои новите технологии ги нудат во поглед на значајно подобрување на образованието. Дали образовниот систем има потреба од подобрување во начинот на кој изгледа училницата и/или во начинот на кој предавањето се одвива? Дали ни треба иновација во образовниот процес или ова е максимумот кој може образованието да го понуди на студентите/учениците?

Овие и други прашања ќе бидат предмет на дискусија на следниот TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан насловен како “Education: Flipped Classroom”.

Настанот ќе се одржи на 25ти Октомври, 2017 од 19:00 часот во Регионалниот Центар за Социјални иновации, ФИНКИ Барака 1, Скопје. Работен јазик на настанот ќе биде на англиски.

Повеќе информации за начинот на аплицирање може да најдете овде.