Mars: A day in the life of a human colony

Септември 2016, Елон Маск ја објави својата идеја за колонизација на Марс по пат на реискористливи ракети & вселенски летала придружена со неговата силна визија за тоа како ќе биде колонизиран Марс и како ќе изгледа новото општествено уредување надвор од границите на планетата Земја.

Речиси година дена подоцна, во обид барем малку да се приближиме до нивото на присутната глобална дискусија на оваа тема, организираме TEDxSalon настан на кој ќе зборуваме за тоа каков дом би можела да биде оваа црвена планета. Дел од прашањата кои ќе ги начнеме се блиску поврзани до тоа како правно, религиозно, морално, етички и економски ќе биде организиран новиот свет на човештвото и најважно, што се ќе треба да биде поставено за да се обезбеди непречен живот на една ваква цивилизација на Марс.

Настанот ќе се оддржи на 10.10.2017 со почеток од 19 часот во просториите на новоотворениот Центар за Иновации на Град Скопје, СкопјеЛаб со тема Mars: A day in the life of a human colony. Настанот е организиран во склоп на серијата TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани.

Овој настан за разлика од стандардните TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани е од понеформален и поинтимен карактер, имајќи за цел развивање на неструктурирана дискусија врз база на неколку TED и TEDx говори кои ќе се прикажат. Согласно карактерот на настанот, отсуството на експерт гости и просторот – бројот на учесници е лимитиран на 15.

Настанот е независно организиран ТED настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на партнер организациите и агендата на настанот ќе бидат дополнително објавени.

Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар: https://goo.gl/forms/mBYZHwDke1LjHfL12

Поддржувачи:
Скопје Лаб – Центар за иновации на Град СкопјеFINKI – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско ИнженерствоSocial Innovation Hub SkopjeSmartUp – Social Innovation Lab

Јавните услуги: Иднината

Првото нешто кое ви паѓа на ум кога ќе се спомене јавен сектор сигурно не е иновативност. Меѓутоа, голем број организации, општини и градови неуморно работат ваквата перцепција да се промени.

Имајќи ги предвид брзината со која се развива технологијата и бројот на стартапи кои нудат нови и подобрени продукти, во една ваква конкурентна средина општините не смеат да си дозволат да го занемарат подобрувањето на сопствените јавни услуги.

На новиот во серијата TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани со тема “Јавните услуги: Иднината” (Public Services: The future) ќе зборуваме токму зошто и како јавните услуги се иновираат, а ќе дискутираме и за успешните примери од странство и Македонија. Целта е да размениме мислења и знаење за процесите преку кои јавните услуги може да станат подобри, односно како со помали трошоци до поголема ефикасност преку имплементација на нови методи и технологии.

Настанот ќе се оддржи на 30.09.2017 со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации, Барака 1 на ФИНКИ во Скопје.

Настанот е независно организиран ТEDx настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на експерт гостите, партнер организациите и агендата на настанот дополнително ќе бидат објавени.

Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар:
https://goo.gl/forms/nLS3bvNGwCOwgC623

Поддржувачи:
Град Скопје Официјален профилСкопје Лаб – Центар за иновации на Град СкопјеFINKI – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско ИнженерствоSocial Innovation Hub SkopjeSmartUp – Social Innovation Lab

Car Sharing: Иднината на транспортот

Дали достапноста и релативно ниската цена на возење и поседување автомобил предизвикува преголема конзумација? Дали автомобилот ја има оддамна поминато точката на служење исклучиво како алатка за транспорт? Како вистински да го дефинираме овој предизвик и уште поважно, како да се справиме со него? 76% од граѓаните во Америка се возат сами во автомобил. Вака некако изгледа и сликата за Скопје, еден од нај загадените градови во Европа.

Со идеја да зборуваме за горенаведените точки меѓутоа и да го продлабочиме нашето разбирање за економиите за споделување, принципите на peer-to-peer бизнис моделите и идејата, ефектите и имплементацијата на car sharing системите го организираме новиот настан во склоп на серијата TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани.

Со темата “Car Sharing: Иднината на транспортот” (Car Sharing: The future of transport) ќе зборуваме за мотивот позади споделувањето на возила како и воопшто причините зошто како општество се повеќе и повеќе сакаме да споделуваме. Исто така, ќе дискутираме и за успешните примери од странство и Македонија на темата но и пошироко, за општественото и економското влијание од ваквите промени. Целта е да размениме мислења и знаење за процесите преку кои ваквите иновации може да станат подобри, односно како со помали трошоци до поголема ефикасност и одржливост преку имплементација на нови методи и технологии.

Настанот ќе се оддржи на 20.09.2017 со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации, Барака 1 на ФИНКИ во Скопје.

Настанот е независно организиран ТEDx настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на експерт гостите, партнер организациите и агендата на настанот дополнително ќе бидат објавени. Настанот е организиран во склоп на Европската недела на мобилност.

Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар:
https://goo.gl/forms/9KAW0XMhTXbODpg73

Поддржувачи:
Европска недела на мобилност/МЖСПППрв до врвСкопје Лаб – Центар за иновации на Град СкопјеГрад Скопје Официјален профил,FINKI – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство,Social Innovation Hub SkopjeSmartUp – Social Innovation Lab

Нови современи технологии за иновирање на јавните услуги

Применувањето на нови современи технологии за иновирање на јавните услуги е иднината на секој еден модерен град вели Костадин Мишев, еден од тренерите на првата обука за современ мониторинг на непристапни објекти или делови на објекти со користење на современа технологија (летало дрон Phantom DJI Advanced 3 со термална камера) која се одржа на 24 и 25.07.2017.

Обуката преку низа на практични тренинзи изведени на Спортскиот аеродром “Стенковец” и Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство има за цел градење на вештини кај вработените од Град Скопје за управување со дрон како и издвојување на корисни информации од обработка на направени термални фотографии.

Ова беше една одлична прилика да се запознаеме подетално со можностите кои ги нуди ваквата технологија. Особено ми се допадна дискусијата со моите колеги и присутните експерти за можната примена на дроновите во работата на мојот сектор и воопшто во Градот Скопје.“, вели Александра Димитриеска од Секторот за заштита на животната средина и природата

Ваквата успешна обука само ги зацврстува нашите мотиви да ова биде првата од серијата на неколку обуки со цел градење на капацитети кај вработените на Град Скопје.

Обуката беше реализирана од страна на Регионалниот Центар за социјални иновации и Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство кои дополнително презентираа и серија на можности за соработка како и идеи за идни проекти од значење за Град Скопје.

Отворен ден во Скопје Лаб

Во понеделник 24 јули во периодот од 11 до 13 часот Скопје Лаб организира отворен ден на кој сите заинтересирани граѓани може да се информираат за работата на центарот, неговата улога и проектите и активностите кои ќе се реализираат во следниот период.

Центарот беше официјално отворен на 6ти јули, а во периодот што следува ќе се организираат различни средби, работилници и состаноци со граѓаните.

Ве покануваме сите Вие кои сакате да се информирате за работата, да го видите и почувствувате духот на центарот да поминете во Скопје Лаб.

Нови услуги и решенија за подобро Скопје

Денес официјално започна со работа Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб. Центарот свечено го отворија Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП во Република Македонија.

– Со отворањето на овој Центар за иновации, Град Скопје ги продолжува активностите за подобрување на комуникацијата и соработката со граѓаните, давајќи и можност на јавноста да учествува во развојот на нови услуги и решенија за подобро Скопје. Клучната улога на оваа лабораторија е да работи на истражување и развивање нови решенија за предизвиците со кои секојдневно се соочуваме. Ова е место каде што граѓаните, бизнис заедницата и невладиниот сектор ќе имаат шанса да работат заедно и директно да учествуваат во креирањето на политиките – изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Покрај Центарот за иновации на Град Скопје, УНДП помага во основањето на Центри во Ерменија, Грузија и Молдавија. Овој регионален проект е вреден 360.000 американски долари и е поддржан од УНДП и владите на Словачка и на Турција.

– Идејата на Центарот е да покаже дека јавните услуги што ги нуди власта, без разлика дали на национално или локално ниво, како што е во овој случај, можат да бидат подобрени со вклучување на јавноста во нивното креирање и спроведување. Центарот за иновации на Град Скопје ќе биде место за отворен дијалог меѓу вработените во градската управа и пошироката јавност, со цел да се најдат решенија кои ќе ги задоволат потребите и желбите на граѓаните, почитувајќи ги истовремено буџетските ограничувања на Градот – изјави Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП.

Првите два пилот проекти на кои ќе работи Центарот за иновации се справувањето со загадувањето на воздухот и справувањето со отпадот.

Официјално отворање на Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб

На 6ти Јули официјално започнува со работа Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, кој се наоѓа во просториите на Граѓанскиот информативен центар на Град Скопје.

Скопје Лаб е пилот проект на УНДП и Град Скопје основан со помош на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Република Турција и Министерството за финансии на Република Словачка.

Центарот за иновации претставува експериментален простор и место за соработка кој ќе им овозможи на граѓаните, бизнисите, јавните и граѓанските организации и академијата заедно со администрацијата на Град Скопје да дизајнираат и развијат услуги, проекти и политики што подобро ќе служат на сите. Преку екпериментирање со иновативни пристапи и методи, центарот ќе помогне во развивање ефективни решенија кои ќе придонесат за подобување на одржливоста и урбаната отпорност на градот.

Стратешка работилница за дефинирање на приоритетни предизвици поврзани со отпадот во Скопје

На 18ти Мај (четврток), од 11:30 до 14:00 часот во Град Скопје, се оддржа првата Стратешка работилница за идентификување и дефинирање на специфични предизвици во справувањето со проблемот со отпадот, со фокус на фазите на одлагање (фрлање) и собирање на отпадот од домаќинствата.

Работилницата се организираше во склоп на проектот на УНДП и град Скопје за дизајнирање и тестирање на иновативни решенија за предизвиците со кои се соочува Скопје. Целта на оваа конкретна активност е развивање на иновативни решенија или услуги за подобрување на состојбата со отпадот и тестирање на едно решение кое ќе биде развиено во процесот на дизајнирање решенија.

На оваа прва стратешка работилница, учество зедоа претставници од Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Депонија Дрисла, граѓански организации и неколку приватни компании кои работат на собирање отпад вклучувајќи го и електронскиот отпад.

За време на работилницата се изработи мапа на засегнати страни, профили на целните групи и се дефинираа специфични приоритетни предизвици за кои ќе се дизајнираат иновативни решенија во текот на следната фаза.

ТЕД настан: Креативните индустрии – спектар на можности или затворен круг на идеи?

На  06.05.2017, со почеток од 19 часот во просториите на Кино Фросина, односно Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се оддржи TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан на темата „Креативните индустрии – спектар на можности или затворен круг на идеи?”.

На настанот ќе биде поттикната дискусија која ќе го предизвика вашето постоечко размислување за начинот на кој се поттикнува креативноста, се негува талентот и се создаваат креативни дела со економска, културна и социјална вредност. Ќе се отворат прашања за тоа која е нашата улога во поттикнување на развојот на талентите и дали и како соработката помеѓу различните дисциплини и сектори (уметност, дизајн, технологија, образование, здравство, итн.) ќе отвори можности за раст и развој на креативните индустрии?

Повеќе детали во однос на експерт гостите, партнер организациите и агендата на настанот ќе бидат дополнително објавени на официјалниот фејсбук настан на TEDxSeptemvriskaSesijaSalon.  Настанот е независно организиран ТEDх настан и истиот е лиценциран од страна на TED.

За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар: https://goo.gl/forms/HBm9xHrHBP6PmDo12. Учеството на настанот е бесплатно.

Поддржувачи на настанот: Скопје Креатива, Social Innovation Hub, Smart Up – Social Innovation Lab

Работилница за претставување на Скопје Лаб пред вработените во Град Скопје

Вработените на Град Скопје денес присуствуваа на претставувањето на Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, кој што претставува експериментален простор и место за соработка каде што сите засегнати страни (граѓаните, јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и академијата) заедно со администрацијата на Град Скопје ќе ги здружат силите да дизајнираат и развиваат решенија за да му помогнат на Скопје да ја подобри својата одржливост и урбана отпорност.

Преку ко-дизјанирање и ко-креирање Со и За граѓаните ќе помогнеме да се развијат услуги, проекти и политики што подобро ќе им служат на сите.

Во склоп на настанот се презентираше и новиот проект на Град Скопје, кој се реализира во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), и има за цел изработка на стратегија „Скопје паметен град“.