Како да ја подобриме соработката на Град Скопје со НВО?

Опис

Во изминатите неколку години преку повеќе активности Град Скопје се обиде да ја зајакне соработката со граѓанскиот сектор. Во тој поглед беше изготвена Стратегијата за соработка со НВО секторот и беа формирани дискусиони групи и Форум на НВО на Град Скопје. Отворен е НВО Центар- Скопје како логистичка потпора во остварување на акции и иницијативи, вмрежување, лобирање, остварување на партнерства и подготовка на заеднички проекти и стратегии за решавање на проблемите во заедницата. Покрај Центарот изготвена е и интернет страната НВО Порта, на која секојдневно се информираат граѓаните за заеднички активности.

Меѓутоа и покрај ваквите напори Град Скопје сеуште го нема достигнато посакуваното ниво на соработка. Транспарентност, споделување на податоци за донесување на паметни одлуки базирани на податоци е нешто кон кое се стреми Град Скопје. Поради тоа Град Скопје ја бара вашата помош за да изнаоѓање решенија за справување со овој предизвик.

Доколку имате предлог за справување со овој предизвик слободно споделете ја вашата идеја овде. Сите оние кои ќе поднесат свои идеи и предлози ќе имаат можност да се вклучат во процесот на дизајнирање, развивање на прототип и тестирање на решенијата заедно со останатите актери кои ќе бидат вклучени во процесот.

Процес на работа

Фаза 1: Дефинирање на проблемот

Фаза 2: Теренско етнографско истражување

Фаза 3: Ко-дизајнирање на решенија (Генерирање на идеи)

Фаза 4: Развивање на прототип на решение

Фаза 5: Тестирање на предлог решение

Идеи

 

Сподели идеја