27 – мо Бизнис Кафе Македонија

Во новата 2018 та година, продолжуваме со настанот на кој има многу мотивација, позитивна енергија и нова инспирација наречена Бизнис кафе Македонија. Продолжваме со 27 –то по ред Бизнис кафе Македонија, кое ќе се одржи на 08.02.2018г. од 18:00 часот во EQUILIBRUM – ресторан и кафе бар.

Со нас на 27 – то Бизнис кафе Македонија ќе бидат гостите кои не треба посебно да Ви ги претставуваме, бидејќи вам Ви се доста познати: Г- динот Филип Поповски – Генерален Секретар на ФФМ, Г- ѓа Бранка Бугариска – Директор на издаваштво Арс Ламина и Г-дин Љупчо Зиков – Директор и главен уредник на Капитал Магазин.

Картите по цена од 300 ден., ќе можете да купите:
– Online на: http://bit.ly/2E1I4lw
– На фактура пратете маил на: [email protected] или
– Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан)