април, 2019

15апр(апр 15)10:0021(апр 21)21:00Code App Level Up 5: Startup Edition Powered by Vip

Повеќе

Опис

EESTEC LC Skopje со големо задоволство ви го најавува овогодинешното, петто издание на Code App Level Up: Startup Edition Powered by Vip кое ќе започне на 15ти и ќе трае до 21ви април во Скопје.

Овој натпревар е наменет за сите амбициозни и храбри студенти, претприемачи, програмери и дизајнери кои имаат идеја и храброст да започнат сопствен бизнис.
Целта на настанот е да се поттикне претприемачкото размислување кај младите и да им се понуди помош да ги реализираат своите идеи. За полесна реализација од идеја до бизнис, на настанот ќе учествуваат докажани предавачи и ментори кои се основачи на успешни македонски стартапи. Code App Level Up: Startup Edition Powered by Vip е одлична можност да ги подобрите и надградите вашите програмерски, претприемачки и дизајнерски вештини.

Се што треба да направите е да соберете тим, да ја дефинирате вашата идеја и да ја зграпчите можноста вашата идеја да биде реализирана.

Правила за учество:
◼️Пријавете тим од 3 до 4 учесници
◼️Најмалку двајца учесници од тимот се студенти
◼️Секој тим мора да има по еден учесник од трите насоки – програмирање, дизајн и претприемништво)

Бројот на тимови учесници е ограничен, односно само осум тима ќе бидат дел од Code App Level Up: Startup Edition Powered by Vip. Апликациите за настанот се отворени до 25-ти март. Аплицирање и учество на настанот е целосно бесплатно и сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк. https://goo.gl/eZK16k

Повеќе информации за настанот може да дознаете на www.calu.mk.

Време

15 (понеделник) 10:00 - 21 (недела) 21:00 CET

Локација

Economic Chamber of Macedonia Стопанска комора на Македонија

Dimitrie Chupovski 13, 1000 Skopje

X