декември, 2019

18дек18:0019:00Creative Talks #1

Повеќе

Опис

Creative Talks е серија на настани во кои зборуваме за креативност.

Целта на овие настани е да започнеме дискусија која понатаму ќе вроди со акција. Заеднички, преку споделување на идеи и дискутирање за креативноста да го поттикнеме растот и развојот на нашата креативна заедница.

Во првата Creative Talks дружба со големо задоволство ќе разговараме со Ани и Дими (Ani Dimi) – фотографско дуо со огромно искуство со едиторијали и комерцијални фотографии.

Тие ќе зборуваат за својот креативен процес, своите почетоци и раст, учењето од сопствените грешки, фидбекот од публиката и уште многу други теми кои бараат креативно снаоѓање.

Дојдете на лежерна дружба и убав муабет (ќе има простор за мноооогу прашања)

Се гледаме на 18ти декември во 18ч во Europe House Skopje! ^_^

Време

(среда) 18:00 - 19:00

Локација

Europe House Skopje

Ss Cyril & Methodius 52b, Skopje 1000

X