Ден без автомобили

ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ, ДЕН БЕЗ ГУЖВА, ДЕН БЕЗ СООБРАЌАЈ.

Ако 364 дена патувате со автомобил во петок на 22-ри септември е денот кога треба да почнете да ги менувате Вашите навики. Бидете пример, за Вашите пријатели, соседи, колеги, семејство и започнете со користење на велосипед.
Велосипедско дефиле со многу забава, музика и подароци. Се собираме на Плоштад кај Порта Македонија во Петок на 22-ри септември во 10.00 и возиме со велосипеди до градски Парк на Школка.

Настанот се организира од страна на Градот Скопје со подршка на Канцеларијата на Европската делегација, Министерството за животна средина и просторно планирање и ПРВ ДО ВРВ, во рамките на Европската недела на мобилност 2017 година под мотото Споделувањето те движи напред.

План на рутата за велосипедското дефиле:
– Ул.Димитрие Чуповски до бул. Кочо Рацин (се врти лево)
– бул. Кочо Рацин, бул. Крсте Мисирков (се врти лево),
– бул.Гоце Делчев се врти лево и се продолжува по бул.ВМРО (се врти десно),
– бул.Партизански одреди до бул.8ми Септември (се врти десно),
– бул.8ми Септември се врти десно по бул.Илинден
– Настанот ќе заврши со музички хепенинг, обраќање од Градоначалникот на Град Скопје, обраќање на Заменик Министерот за животна средина, лотарија на 14 велосипеди на учесниците на бината Школка во Градскиот Парк.