септември, 2019

14сеп10:0015:00Ден на граѓанските организации

Повеќе

Опис

Цивика мобилитас по втор пат со задоволство ви го најавува фестивалот „Ден на граѓанските организации“ кој ќе се одржи на 14 септември 2019 година во 10.00 часот на платото кај старата скопска чаршија / плоштад Скендербег и паркот Ибни Пајко во Скопје.
Доколку сакате вашата граѓанска организација да биде активен учесник на овој фестивал, пријавете се на оваа форма http://bit.ly/nfcm2019
Настанот е отворен за сите граѓански организации.

Ова е одлична прилика за граѓанските организации на лежерен и интерактивен начин да го претстават нивниот придонес во општеството пред пошироката публика. Посетителите ќе можат да се приклучат на многубројните активности и да се информираат повеќе за темите кои ги засегаат од нивниот општествен живот.

Време

(сабота) 10:00 - 15:00

Локација

Плоштад Ѓерѓ Кастриоти - Скендербег

Булевар Гоце Делчев, 1000 Skopje

X