Европска недела на мобилност

септември 19, 2017 10:00

Град Скопје

Бул. Илинден бр.82 Скопје

389-2-3297-2

Споделувањето те движи напред. Урбана мобилност. Урбани херои.

Агенда:

10:00 – 12:00
Технички кампус
Електричен полигон
Град Скопје, НВО Електромобилност и ЈП Градски паркинг, ФЕИТ и Машински факултет
– Настан за промовирање на електромобилноста и застапеноста во Град Скопје.
– Пртезентирање на елктрично возило, електрични мопеди, електрични велосипеди, мали електрични возила и сл.
СУГС Никола Карев и СУГС Орце Николов.

10:00 – 13:00
СУГС Автосообраќаен училишен центар АСУЦ Боро Петрушевски
Сообраќајна култура
АСУЦ и РСБС
Едукација за безбедност во велосипедизмот, начин на управување.
СУГС Михајло Пупин и СУГС 8-ми Септември.
10:15 – 11:30 Брзинска трка со велосипеди за ученици од АСУЦ „Боро Петрушевски“ Автодром (полигон)
10:15 – 13:00 Мобилна училница
– Ученици АСУЦ „Боро Петрушевски“
– Ученици од 8ми Септември
– Ученици од Михајло Пупин
Простор пред главниот влез на училиштето
10:15 – 13:00 Презентација на практичните умеења на учениците од АСУЦ „Боро Петрушевски“ (изложба )
Простор пред автодром
11:30 – 12:00 Предавање за средношколци:
„Велосипедски сообраќај-искуства и предизвици“. Ученици од 8ми Септември Училница за теоретска настава во
авто школа

12:15 – 12:45
Предавање за средношколци:
„Сообраќајни правила и прописи за безбедност во сообраќајот“. Ученици од Михајло Пупин
Училница за теоретска настава во авто школа

10:00 – 12:00
Училишен двор на СУГС АСУЦ
Камион училна
Лабораторија на тркала, едукација за придобивките од користење на одржлив транспорт и ефектите врз природата, климатските промени и СО2 емисиите.
Настанот се снабдува со енергија од соларни панели.
11:00
Јавни простори во градот
Велосипедски паркинзи
Град Скопје, Македонски зелен центар
Град Скопје

– Поставување на велосипедски паркинзи на подрачјето на град Скопје,
– Вело Промоција на велосипедските паркинзи и нивните локации.
11:00 – 12:00
Grad Skopje
Skopje Lab
– Презентирање на актуелните и планирани активности.
Основана со поддршка на УНДП во првата половина на 2017 година, Лабораторијата Скопје е прва иновативна лабораторија од таков вид во земјата.
Како експериментален и колаборативен простор, Лабораторијата Скопје им овозможува на граѓаните (вклучувајќи го и деловниот, граѓанскиот и јавниот сектор) и раководните службеници на Град Скопје да ги здружат силите за проектирање, прототип и тест на јавните услуги кои ќе му помогнат на Скопје да ја подобри својата одржливост и урбана отпорност, со што се подобрува животот на граѓаните. Лабораторијата користи различни методологии и пристапи засновани на ко-дизајн и ко-создавање, предводени од корисниците и отворени иновации (јавни кампови за иновации, crowdsourcing, хакатони и други), дизајн размислување, науката во однесувањето, големи податоци, предвидливост, итн.
Првите два предизвици на кои лабораторијата Скопје и Градот Скопје моментално работат на иновативни пристапи се загадувањето на воздухот и отстранувањето на отпадот, како еден од најкритичните предизвици и приоритети идентификувани од страна на граѓаните.

12:00
Кеј на река Вардар
Инфо табли
Град Скопје и Републички совет за безбедност на сообраќајот
– Поставување на инфо табли на велосипедските и пешачките патеки на кејот на реката.
Во текот на денот
Идоли и херои во автобус
НВО Прв до врв
– културни настани во автобус (музичари, магионичари, пантомимичари и сл.),
– дружење со јавни личности во автобус.

Герила акција во автобус
НВО ГОУ ГРИН
Едукативни содржини за одржлив транспорт.