Европска недела на мобилност

септември 16, 2017 10:00

Споделувањето те движи напред. Урбана мобилност. Урбани херои.

Агенда:
10.00 – 10:30
Град Скопје, Мала сала на Кабиенетот
Потпишување на пристапница за ЕНМ од Градоначалник на Град Скопје
– Званично отпочнување на ЕНМ 2017
10.30 – 11:00
По улиците на Скопје – централно градско подрачје
Низ скопските улици
Велосипедска рута по направените велосипедски патеки (Градски Парк, бул.Св Климент Охридски, покрај Студентиски дом КЈП, кружен тек кај Католичка црква, НИП Нова Македонија, лево покрај Делегација на ЕУ, СУГС ЈБТ, Рекорд).
11.00 – 13.00
Ул.Димитрија Чуповски, главната артерија на градот
ВЕЛО КАФЕ на улица
– затворање на улицата за сообраќај во периодот 10:00 – 14:00 ( најава дека во иднина ќе претставува пешачка зона),
– поставување на маси и клупи за седење на улицата,
– продавачи на сокови и кафиња на велосипеди со колички,
– улични музичари,
– Градски оркестар,
– цртање, ОУ Димитар Миладинов,
– промовирање на Стратегијата за климатски промени Отпорно Скопје и реализираните активности од акцискиот план,
– промовирање на Зелени коридори,
– запознавање на граѓаните со иновативните активности на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (системот за електронска наплатана билети, автоматска локација на автобусите, JSP Live – мобилна апликација за утврдување на локациите на најблиските автобуски постојки и времето на пристигнувањето на автобусите во однос на местото на патникот, новите автобуски линии, поставените држачи за велосипеди на автобусите, паметната автобуска станица….) и придобивките од применетите активности.

Во текот на денот
Манастир Св.Пантелејмон и Македонско село на Водно
Ликовна колонија „Св.Пантелејмон“ 2017
Традиционална детска ликовна колонија.
Општина Карпош и Детски ликовен центар.

17:00 – 23:00
Градски парк, Фонтана
Стрит Баскет
Меѓународен турнир во Стрит Баскет, со поддршка на Град Скопје. Можност за следење на настанот од трибини поставени за настанот во паркот.

19:00 – 24:00
Скејт парк, Кеј на река Вардар
Скејт турнир
Натпреварување на скејтерски организации, со поддршка на Град Скопје. Бравурозни изведби во натпреварување во повеќе категории.
Во текот на денот
Идоли и херои во автобус
– културни настани во автобус (музичари, магионичари, пантомимичари и сл.),
– дружење со јавни личности во автобус.
НВО Прв до врв

Во текот на денот
Кампања:
– најава на ЕНМ 2017,
– најава на Carpool day.
Објавување на WEB на Град Скопје, facebook на Град Скопје, радио програми и сл.

17.09. Недeла
09.00-13.00
Парк – шума Водно
ВЕЛО ПИКНИК —-
– Промоција на велосипедските продавници, сервиси и занаети во Скопје,
– Промоција на (не) формални велосипедски водичи,
– Истражи го Водно со велосипед,
– Истрчај ја трим патеката,
– Музика DJ,
– Лотарија со вело опрема и Лов на богатство за најмалите,
– Затворен сообраќај за возила од ИЗИС и Св.Пантелејмон, освен за автобуси на ЈСП,
– користење на автобусите со држачи за велосипеди.
НВО Прв до врв,
НВО Македонски зелен центар
НВО Еко Свест

11:00
Велосипедска трка “Низ улиците на Скопје”
Велосипедска федерација на Скопје и Град Скопје
– Велосипедка трка низ центарот на градот и Скопската тврдина.

Во текот на денот
На Водно со автобус и жичара
– бесплатни автобуски тури до средно Водно и превоз со жичара до врвот на Водно за пензионери и постари лица.

19:00 – 24:00
Скејт парк, Кеј на река Вардар
Скејт турнир
Натпреварување на скејтерски организации, со поддршка на Град Скопје.
Бравурозни изведби во натпреварување во повеќе категории.