јануари, 2020

23јан17:0018:30Филм, пуканки и модна (р)еволуција

Повеќе

Опис

Ве покануваме на проекција на документарецот RiverBlue!

Дали модата може да ја спаси планетата Земја? Еволуираме преку зголемување на свеста.

RiverBlue (2016) е документарен филм, кој го прикажува тригодишното патување на Марк Анџело, по реките во светот, каде тој ги евидентира непосакуваните влијанија на модната индустрија врз животната средина. Филмот го истражува загадувањето на реките и токсичните ефекти од изработката на текстилни материјали (тексасот во фокус). Зборува за последиците за човештвото, но и за решенијата кои даваат надеж за одржлива иднина.

RiverBlue има за цел да ја зголеми јавната свест за овој проблем и да придонесе кон тоа модата да функционира врз етички и одржливи принципи. Филмот е апел за значајни промени од страна на најпознатите модни брендови да внимаваат и да бидат посвесни за начинот на кој се изработува облеката која ја носиме.

Придружете ни се во нашата модна (р)еволуција! Да го почнеме заедничкото движење кон совесна мода оваа година со добар филм и пуканки.

Влезот е бесплатен, но местата се ограничени.

Се гледаме! 🙂

Време

(четврток) 17:00 - 18:30

Локација

Europe House Skopje

Ss Cyril & Methodius 52b, Skopje 1000

X