мај, 2019

17мај13:0015:00Funderbeam – crowdfunding платформа

Повеќе

Опис

ЦЕЕД Македонија во соработка со Македонска берза, организира отворен настан на тема Funderbeam – crowdfunding платформа за небанкарско финансирање на компании“, што ќе се одржи на 17.05.2019, 13:00 до 15:00, во ЦЕЕД Хуб Скопје.

Во недостиг на оперативни crowdfunding платформи во Македонија, Македонска берза во наредниот период ќе се обиде да го олесни процесот на финансирање на мали и средни претпријатија (вклучително и стартапи) според примерот на Загрепската берза, којашто е предводник во овој домен во регионот на Југоисточна Европа.

Берзата започнува со презентирање, промовирање на crowdfunding финансирање преку иновативната технологија и глобалниот деловен модел на компанијата Funderbeam од Естонија (којашто заедно со Загрепската берза формираше и посебна компанија Funderbeam Southeast Europe).

Преку оваа crowdfunding платформа македонските компании ќе добијат можност за алтернативен извор за небанкарско финансирање на своите развојни планови на светско ниво (што ќе зависи пред се од нивната иновативност и компетитивност), а истовремено заинтересираните домашни инвеститори ќе можат да вложуваат во домашни проекти со добар потенцијал, со што ќе изврши поефикасна алокација на домашните заштеди и во овој дел од бизнис секторот.

Гости говорници: Г-дин Иван Штериев, директор на Македонска берза и Г-а Каролина Каровска Божиноска, раководител на оддел промоција, едукација и развој.

Ве молиме пријавете го вашето присуство на следниот линк: https://urlzs.com/RPwU

За повеќе информации обратете се кај Биљана Рамљак, 076 496 616 или на [email protected]

Време

(петок) 13:00 - 15:00

Локација

Ceed Hub Skopje

Rugjer Boshkovikj 18 Skopje, Macedonia

X