јануари, 2019

25јан(јан 25)15:0027(јан 27)19:00Global Game Jam Macedonia 2019 | Skopje

Повеќе

Опис

Global Game Jam е најголемиот светски настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48 часовен маратон. Во 2018 година на Global Game Jam се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 803 локации во 108 земји и беа создадени точно 8.606 игри.

Сите Вие кои сакате да креирате игри и знаете да цртате, моделирате, компонирате, програмирате, дизајнирате, мудрувате и продуцирате, па дури и само сакате игри, Вие сте за тука!

Нема потреба да имате тим. Дојдете и тука ќе соберете дружина за квестот наречен GGJM19!

‼ Задолжителна пријава на:
https://globalgamejam.org/2019/jam-sites/skopje

⚠ Цена на влезница за учесниците е 250 денари а со тоа добивате:
Непрекинат интернет пристап, оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор, забава и нормално, топли простории во зимските денови!

Македонија го започна своето учество во 2013 година, а на него досега се сретнаа скоро 1500 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. До сега се создадени 142 видео игрa во прототип,
од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Лани Македонија беше на 5то место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител.
Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

Global Game Jam Македонија 2019 очекува да има преку 350 учесници на локациите. Очекуваме да продефилира публика од над 5000 луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.

Профили кои ќе се сретнат на GGJM19 се:
• Девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд дисајнери, продуценти и гејм дизајнери, експерти за монетизација,…
• Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата
• Гејм девелопмент ентузијасти од сите возрасти. Просечната возраст на нашите учесници е 25 години

Време

25 (петок) 15:00 - 27 (недела) 19:00 CET

Локација

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

ул. Руѓер Бошковиќ 16, 1000 Skopje

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X