јули, 2019

18јул(јул 18)10:0020(јул 20)17:00Хакатон: Креирај игри за најмладите

Повеќе

Опис

#Аплицирај на: http://skrati.mk/KreirajIgri
#Краен рок: 07.07.2019
#Капацитет: 50 учесници
#Цел: Креирање на мали креативни онлајн или дигитални игри за деца од 3 до 10 години

Пријатели?,
Ајде заедно да се вратиме во старите добри времиња на игра и забава!

Инспирирани од креирањето на новата национална веб-платформа за образование, ги покануваме да се пријават сите креативни гејмери, девелопери, графички дизајнери, артисти и ентузијасти од секаков тип кои би сакале да помогнат во креирање на игри наменети за најмалите, дечињата од 3 до 10 години.

?Целта на учесниците? Едноставно, да се “тркаат” во изработка на што е можно подобра и покул кратка онлајн или дигитална игра согласно понудените теми од организаторот и соодветно на програмата која наскоро ќе ја објавиме. На учесниците ќе им бидат достапни и ментори од образовниот сектор, практичари и ќе имаат пристап и до примероци од материјали.

?Повеќе информации за платформата? Во моментов се изработува целата веб-страница која наскоро ќе биде дом на голем број материјали, физички и онлајн игри и ќе биде место каде воспитувачи, одделенски наставници и родители ќе може да си обезбедат материјали за подобро спроведување на нивниот час, но и за подобра поминување на време со најмладите. Платформата ќе биде наскоро објавена, како резултат на напорна работа на многу посветени луѓе!

?Поголемата цел? Кратко и јасно, обезбедување материјал за спроведување на часови и учење преку игра и карактерно образование, со што ќе се обезбеди подобра едукација на новите генерации и со тоа ќе се подобри директно и практично образованието!

??‍?Каде влегувате вие во “матриксот”? Искрено и од срце кажано, како нечив брат, сестра, родител, наставник или едноставно, како некој кој го засега и сака да го подобри образованието во нашата земја, се надеваме на твојата помош во дизајнирање на што е можно повеќе и подобри материјали кои би биле поставени како почетна основа на веб-платформата. Твојата улога ќе биде заедно со твојот тим да работиш и креираш мини-игра која ќе направи некое дете многу среќно!

?‍?Што треба да знам? Хакатонот ќе трае 3 дена, од 18ти до 20ти јули, ќе се случува во НУБ “Св. Климент Охридски”, ќе биде неформален, со над 10 ментори и ќе понуди можност за учење, вмрежување и заедничко креирање. На настанот ќе бидат присутни и тимови од неколку компании кои се решија да помогнат па тоа ќе биде исто можност за дополнителна дружба и разменување на искуства.

?Готово, решен/а сум – Каде да аплицирам? Е ова е најлесно, апликацијата може да се најде на овој линк: http://skrati.mk/KreirajIgri
Крајниот рок за аплицирање е 07.07.2019, може да аплицираш индивидуално или пак како тим, при што апликација треба да ја пополните заедно. Доколку аплицираш сам, тогаш ние во консултација ќе ти најдеме забавен и добар тим.

?Овој хакатон е во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ, а го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.

Време

18 (четврток) 10:00 - 20 (сабота) 17:00

Локација

Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје

бул. "Гоце Делчев" бр. 6 1000 Скопје

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X