Хакатон за поттикнување на креативност во образованието

декември 4, 2017 до декември 6, 2017 09:00

#ОбразовенХакатон е тридневен настан кој го организира СмартАп во склоп на конференцијата “Квалитетно образование за раст, остварувања и подобра иднина” (“Quality Education for Growth, Achievements and Better Future”) а чии главни носители се Владата, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и UNICEF.

Во периодот 4-6 декември, преку тридневна интензивна работа, 5 до 7 тимови составени од дизајнери, ученици, наставници, родители, програмери, архитекти, психолози, социолози, креативци и други ќе работат заедно за да дојдат до инклузивни и иновативни решенија кои ќе одговорат на некои од предизвици во образованието и ќе помогнат во подобрување на неговиот квалитет.

Повеќе за хакатонот може да дознаете на: http://www.eduhackathon.innovationlab.mk/

Предизвици на кои ќе се работи:
👩‍🏫 Кои алатки и методи треба да ги користат наставниците за да го унапредат развојот на карактерот и вредностите кај учениците преку редовната настава?
👩‍🏫 Како да им се помогне на наставниците да останат во чекор со најновите трендови во педагогијата?
👩‍🏫 Како да воведеме учење засновано на игра во предучилишните програми?
👩‍🏫 Современата технологија како стимул за подобрување на постигнувањата на учениците?
👩‍🏫 Уредување на идната инклузивна училница врз основа на принципите на универзален дизајн што промовира припаѓање и соработка.

Обележете ги датумите 04 – 06 декември во вашиот календар и пријавете се за учество на #ОбразовенХакатон, поканете пријател/ка или учествувајте како претставници од вашите општествено одговорни компании и дадете свој придонес во креирањето на образование какво што од секогаш сте посакувале.

#Насоки за учество
Учесниците на хакатонот ќе бидат поделени во тимови од 6 до максимум 10 луѓе по правило на мултидисциплинарност и кои ќе работат на дизајнирање решенија на ниво на функционален прототип или пак мок-ап со обмислени придружни елементи како бизнис модел, дефинирање на потребите на пазарот итн.

#Решенијата ќе бидат презентирани во рамки на третиот ден пред група (одбрано “жири”) од релевантни чинители (Министерства, Фонд за иновации и технолошки развој, докажани претприемачи, професори, итн.) но и пред пошироката јавност присутна на конференцијата.

#Mенторство, за време на хакатонот, сите тимови ќе добијат менторска поддршка од професионалци / експерти од различни области согласно потребите при развојот на решенијата.
Дополнително, секој член од тимот ќе добие придружни материјали и водилки за работа.

🚌 Како да аплицираш?
Учеството на хакатонот е отворено за сите заинтересирани, од сите сфери на делување.
За присуство на настанот потребно е да го пополните апликациониот формулар, а набрзо по крајниот рок за аплицирање – 01.12.2017, 20:00 часот, избраните учесници ќе бидат контактирани.
⏳ Краен рок за пријава: 01.12.2017, 12:00 пладне
#Апликационен формулар:
https://goo.gl/forms/4H70a6c9d69kR7Ll2

Се што ви е потребно е лаптоп, ентузијазам, креативност и желба за позитивна промена во општеството!

#Хакатонот е организиран од СмартАп – Лабораторија за Социјални Иновации во партнерство со UNICEF.

Доколку ви се потребни повеќе информации СмартАп ви стои на располагање на [email protected]
Повеќе за СмартАп – https://innovationlab.mk/
Повеќе за настанот – http://www.eduhackathon.innovationlab.mk/