февруари, 2019

28фев17:0019:00HR кафе & Networking: "HR - the catalyst of transformation"

Повеќе

Опис

Со големо задоволство Ве покануваме да ни се придружите на првото HR кафе за 2019 година! Подвизите, успесите, дејствијата на сите нас, членовите на HR заедницата во Македонија, ситуирани во големите професионални залихи на искуства, истакнуваат дека досегашното раздобје на асоцијацијата претставува концизна слика на подемот на HR заедницата.
Затоа во оваа прилика и на ова HR кафе ќе ја имаме честа да ги слушнеме HR менаџерите коишто во изминативе 5 години беа одликувани со наградата “HR менаџер на годината“ и признанија за посебни заслуги во HR професијата, коишто ги доделува МАЧР. Ќе се одржи поттикнувачка дискусија за темата на овогодинешната традиционална HR конференција, “HR– the catalyst of transformation”.

На настанот ќе се обратат врвни професионалци, имплементатори на прогресивни HR практики, непоколебливи поборници за сите HR професионалци, патрони на HR професијата во Македонија. Учесниците во дискусијата ќе дебатираат за значењето на темата „HR како поттикнувач на трансформативни промени’’ за нив самите како HR професионалци, како и за значењето на темата за развојот на нивната организација. Наградуваните HR професионалци користејќи ја својата експертиза, ќе се обидат да ги експонираат и обелоденат потребите и предизвиците на HR заедницата коишто потенцијално би можеле да се трансформираат во модерни, револуционерни решенија.

Гости-говорници кои ќе не почестат со своето присуство на овој настан се:
Магдалена Славејкова – HR менаџер во Цементарница Усје, добитник на наградата „HR менаџер на годината“ за 2014 година,
Никола Eфтимов – HR директор во Алкалоид, добитник на наградата „HR менаџер на годината“ за 2015 година,
Стефан Јовановски, HR директор во one.Vip, добитник на наградата „HR менаџер на годината“ за 2016 година,
Елизабета Мирчевска, Регионален директор за човечки ресурси во Атлантик Груп, добитник на наградата „HR менаџер на годината“ за 2017 година.

Модератор на настанот ќе биде Ивана Дојчиновска Стојановиќ – HR менаџер во НЛБ Банка, и носител на посебно признание за особени достигнувања во HR професијата за 2014 година.

Дел од панел дискусијата ќе биде определен за да им се даде можност на добитниците на наградата „HR менаџер на годината“ да дадат краток приказ за важноста на оваа награда за HR заедницата во Македонија, и за тоа дали и како истата се одразила и влијаела врз нивниот кариерен пат.

Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе започне во 17.15 часот и ќе биде со времетраење од околу 60 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.
За да присуствувате Ве молиме задолжително да се пријавите: https://bit.ly/2Shhkj0 или преку испраќање e-mail на [email protected]

#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со нашите партнери и членови,наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.

Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!

Време

(четврток) 17:00 - 19:00 CET

Локација

MKC Club & Restaurant

Kej Dimitar Vlahov 15, 1000 Skopje

X