јуни, 2020

11јун20:0021:00Илузии - виртуелна театарска претстава

Повеќе

Опис

ИЛУЗИИ – виртуелна театарска претстава
https://www.youtube.com/user/wonderlandtheatremk/featured

Користејќи се со театарски пристап во виртуелниот простор, направивме претставата која ги отвара темите на љубов, неверство, оттуѓеноста на луѓето, празнотијата и минливоста на животот. Теми кои во екстремни времиња како ова кое го живееме, несомнено се актуелизираат кај секој човек.
Поводот за ваквиот пристап на создавање театар е глобалната здравствена криза која ни го оневозможи присуството на театарските сцени. Секоја вечер по почетокот на полицискиот час, екипата се сретнуваше на zoom платформата, каде разговаравме за тоа што и како би можеле да работиме. Разговаравме и за тоа како за кризата размислуваат и едни од најголемите театарски режисери на денешницата, кои своите размисли, исто така во изолација ги споделуваа на дигиталните платформи. Засведочивме период во кој театарот од целиот свет се наоѓа пред ист предизивк, пред иста дилема, со еднаква можност за обмислување и нудење решенија и нови форми.

ИЛУЗИИ – по мотиви на истоимениот текст на Иван Вирипаев

САНДРА – Ивана Павлаковиќ
МАРГАРИТА – Драгана Лошкова
ДЕНИ – Никола Насотски
АЛБЕРТ – Исмет Шабановиќ

режија – Нела Витошевиќ
монтажа на видео – Васил Христов
музика – Огнен Анастасовски

*претставата има титлуван превод на англиски

Претставата ќе се емитува на Јутјуб каналот на „Wonderland Theatre“ и ќе остане онлајн за публиката да може да ја гледа и по премиерата. Дополнително, независниот театар може да се следи и на Инстаграм и Фејсбук.

 

Време

(четврток) 20:00 - 21:00

Локација

Online

X