мај, 2019

08мај19:0021:00INCM JATO: Активни студенти 05 / Културно Ехо

Повеќе

Опис

Активни студенти се низа настани организирани од ЕАСА Македонија со цел да се поттикне активност и слободен говор на студентите низ предавања и дискусии кои ќе се случуваат на Архитектонски Факултет во Скопје. Со овие настани сакаме да направиме една мини мрежа на студенти и заедно преку размена на информации и интереси да оформиме една култура на алтернативно учење.

На петтиот настан од серијата настани АКТИВНИ СТУДЕНТИ говорници ни се КУЛТУРНО ЕХО (Cultural Echoes) – меѓународна, невладина и независна организација со седиште во Скопје, Р. Македонија.

Со осврт кон архитектурата и други уметности, па се до компјутерските и правните науки, нивната мисија е да промовираат корпоративната урбана и еколошка одговорност; повторно откривање, редефинирање и решавање на заедничките прашања преку конвенционални стратегии и нови перспективи за создавање на одржлив урбан, социјален, општествен и културолошки развој. Активно работи од март 2018 г. развивајќи го својот главен проект наречен „Напуштени можности“, кој се базира на лоцирање и детална евиденција на состојбата на сите напуштени објекти во државна сопственост, кои претставуваат сериозна закана за животната средина, како и за здравјето и безбедноста на локалното население, со крајна цел – нивна ревитализација, пренамена и реупотреба за општо добро.

Време

(среда) 19:00 - 21:00

Локација

Архитектонски факултет - Скопје, УКИМ

ул. Радњанска, Скопје 1000

X