Иновации во влада: Новата норма

ноември 20, 2017 до ноември 21, 2017 21:00

OECD Опсерваторијата за иновации во јавен сектор (OPSI) на 20-21 Ноември 2017 во Париз, Франција, организира конференција на тема: “Вклучување на иновациите во јавниот сектор – Новата норма”.

На конференцијата ќе се презентираат сознанијата од работата на OPSI од земјите кои ја трансформираат својата работа и работат на подобрување на животите на нивните луѓе преку иновации. На конференцијата на едно место ќе се соберат владини лидери, јавни службеници и партнери од индустријата и граѓанското општество што работат иновации со цел поврзување, размена на искуства и поттикнување соработка.

За учество потребна е пре-регистрација со изразување на интерес. Рокот за пре-регистрација е 20 Октомври 2017.

Повеќе информации за конференцијата и начин на регистрација може да најдете овде.