Investors Day & BETAPITCH Global

декември 7, 2017 09:00

На 7ми Декември во Берлин ќе се одржува “Investors Day & BETAPITCH Global” – настан дизајниран за стартап компании со цел запознавање со луѓе кои може да им помогнат да го однесат бизнисот на следно ниво. Инвеститори, потенцијални дистрибутери, индустриски партнери, ментори, експерти и други клучни играчи од светската и локалната старт ап сцена. Настанот ќе биде во интерактивен формат со приватни сесии, панел дискусии, брзо вмрежување (speed dating), итн. Дел од настанот ќе биде посветен и на иновативна мобилност и транспорт а воедно ќе има и натпревар за најдобрите 8 стартап компании кои ќе се борат за BETAPITCH трофејот.

Повеќе информации за настанот може да најдете овде, а информации за регистрација овде.