Јавен повик за финансирање проекти за технолошки решенија

Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, подготвува Јавен повик за финансирање проекти за технолошки решенија за намалување на загадувањето на воздухот.
Во пресрет на финализација на Правилникот за повикот, апликацискиот и буџетскиот формулар, критериумите за оценување и останатите релевантни елементи, организираме работилница со потенцијалните апликанти.

Можност за учество на работилницата имаат сите креативни поединци, невладини организации и деловни субјекти, со капацитет и подготвеност да понудат технолошко решение или нова методологија што директно ќе придонесе во намалувањето на загадувањето на воздухот.