Јавна Дебата “Не оставај на друг, дојди за чист воздух”

Светската недела на вселената ќе ја финализираме со јавна дебата на тема која сите нѐ засега – загадување на воздухот.

Пријави се тука : http://bit.ly/ДебатаЧистВоздух

Оваа јавна дискусија е поддржана од програмата ‘NASA Datanauts’, во склоп на open.NASA која што претставува соработка со неколу индивидуалци од целиот свет со цел подобро искористување и промоција на отворените податоци за генерирање на иновации и решавање на глобални проблеми.

Организаторите јавно се ограничуваат од секакви политички интерпретации на овој настан. Целта е заеднички, со вклучување на сите засегнати страни да направиме чекор напред кон реално решавање на проблемот.

🎯 На што ќе се фокусираме?

Соработка помеѓу државните институции, невладините организации и бизнис секторот за креирање на долгорочни мерки за справување со загадувањето на воздухот, преку:

– Искористување на отворените податоци и транспарентност;
– Креирање на иновативни проекти од приватен и јавен карактер;
– Прибирање на идеи од граѓаните, невладините организации и бизнис секторот како и нивно активно вклучување.

📢 Официјално ќе споделиме

На оваа дебата за прв пат во јавноста ќе се прикажат споредбени податоци од апликацијата “Мој Воздух”, за бројот на денови секоја година (во периодот јануари 2015 до септември 2017) каде што ПМ10 дневниот лимит е надминат.

🗣️ Поканети гости:

Модератор: Огнен Јанески, ТВ Едитор, водител и активист

Г-дин Јани Макрадули, заменик-министер на МЖСПП (Министерство за Животна Средина и Просторно Планирање) – потврдено присуство.
Г-ѓа Ели Пешева, член на О2 коалиција за чист воздух – потврдено присуство.
Г-дин Хајан Селмани, основач на македонска ИТ компанија ХАСЕЛТ – потврдено присуство.
Г-дин Јован Деспотовски, директор на ФИТР (Фонд за Иновации и Технолошки Развој) – потврдено присуство.
Г-ѓа Јасмина Белчовска Тасевска, претставник на UNDP (Програма за развој на Обединетите Нации)

🌎 Како може секој од вас да се вклучи?✌

Целта на оваа дебата е да биде отворена кон јавноста и да се генерираат иновативни идеи, предлози и акции за справување со загадувањето, на долгорочен план.

Затоа, ве повикуваме сите кои што имате некаква идеја или пак сакате да слушнете кои се моменталните активности кои што се превземаат за отстранување на овој проблем, да ни се придружите и конечно сите заедно да почнеме да работиме за негово решавање.

Се гледаме на дебата! 🙌