Јавните услуги: Иднината

септември 30, 2017 19:00 - 21:30

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство.

Rugjer Boshkovikj 16, Skopje 1000

02 308 8292

Првото нешто кое ви паѓа на ум кога ќе се спомене јавен сектор сигурно не е иновативност. Меѓутоа, голем број организации, општини и градови неуморно работат ваквата перцепција да се промени.

Имајќи ги предвид брзината со која се развива технологијата и бројот на стартапи кои нудат нови и подобрени продукти, во една ваква конкурентна средина општините не смеат да си дозволат да го занемарат подобрувањето на сопствените јавни услуги.

На новиот во серијата TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани со тема “Јавните услуги: Иднината” (Public Services: The future) ќе зборуваме токму зошто и како јавните услуги се иновираат, а ќе дискутираме и за успешните примери од странство и Македонија. Целта е да размениме мислења и знаење за процесите преку кои јавните услуги може да станат подобри, односно како со помали трошоци до поголема ефикасност преку имплементација на нови методи и технологии.

Настанот ќе се оддржи на 30.09.2017 со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации, Барака 1 на ФИНКИ во Скопје.

Настанот е независно организиран ТEDx настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на експерт гостите, партнер организациите и агендата на настанот дополнително ќе бидат објавени.

Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар:
https://goo.gl/forms/nLS3bvNGwCOwgC623

Поддржувачи:
Град Скопје Официјален профилСкопје Лаб – Центар за иновации на Град СкопјеFINKI – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско ИнженерствоSocial Innovation Hub SkopjeSmartUp – Social Innovation Lab