септември, 2019

18сеп19:0021:00Како дизајнот на градот може да поттикне инклузивна мобилност?

Повеќе

Опис

#Аплицирај на: https://skrati.mk/InclusiveMobility
#Краен рок за аплицирање: 13.09.2019, 12.00 часот
#Капацитет: 30 учесници

Колку често ги забележуваш останатите луѓе кои се движат околу тебе? Дали понекогаш разменуваш поглед со луѓето по патот и колку си свесен за твојата околина?

Начинот на движење на луѓето и различните пешачки патеки зборуваат многу за катактеристиките кои обликуваат едно општество. Велат дека тие се огледало на едно општество кое го претставува односот на жителите едни со други, а особено со лицата со некој вид на попреченост.

Добар дизајн на градови треба да поддржува пристапност за сите негови жители. Колку се активни граѓаните низ градот зборува за степенот на здравје, но и слобода која тие ја чувствуваат во градот. За дел од граѓаните, оние кои повеќе ги забележуваат пречките на улиците и пешачките премини, движењето низ градот не претставува слобода туку голема препрека.

Како може да имаме град кој ќе поттикне инклузивна мобилност, еднаква за сите негови жители? Дали и колку влијание има секој од нас за мобилноста и безбедноста во градот? Како до подобро планирање на градовите или трансформација на истите?

Дојдете да дискутираме на 18.09.2019 со почеток од 19:00 часот во просториите на Co&Work Hub.
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликациja на следниов линк: https://skrati.mk/InclusiveMobility ; најдоцна до 13.09.2019, 12:00 часот на пладне.

Повеќе за Salon типот на настани може да дознаете овде: https://skrati.mk/TEDxSalonevents
Настанот е независно организиран ТEDх настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на партнер организациитe, експерт гостите и агендата на настанот ќе бидат дополнително објавени.

Официјалниот TEDxSkopjeSalon настан може да го погледнете на овој линк: https://www.ted.com/tedx/events/35761

Време

(среда) 19:00 - 21:00

Локација

Co&work Hub - Skopje

Shumadiska 7A, 1000 Skopje

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X