Климатски промени: Преку системски пристап до одржливо утре

декември 13, 2018 18:00 - 20:00

Делата и постапките на луѓето во наредните 12 години ќе ја дефинираат судбината на човештвото за наредните милениуми, вели светската научна заедница според последниот извештај од Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC).
Климатските промени се алармантен и прилично дискутиран проблем, особено за време на конференцијата на ОН за климатски промени (COP24), на која се проценуваат преземените активности на земјите-членки за намалување на нивните емисии на стакленички гасови.

Според последниот IPCC извештај, постои значителена разлика помеѓу проекциите за емисии на глобално ниво во 2030 год. и емисиите што се компатибилни со целите на Парискиот договор – односно, зголемување на глобалната температура максимум до 2°C.
Извештајот вели дека 157 земји се одговорни за 95 проценти од глобалните годишни емисии во 2014 год. Од нив, само 58 имаат поставено цели за намалување на емисиите што ја опфаќаат целата економија, но дали тие мерки се доволни?

Зголемување на температурата и од само половина степен значително ќе го зголеми ризикот од катастрофални поплави, суши, екстремни временски услови и опустошување на домовите на милиони луѓе. Токму луѓето од земјите во развој, кои најмалку придонеле до оваа ситуација, се во најзасегната положба и најкритична за овие последици. По овој предупредувачки извештај, дискусија на овие теми и итно преземање акција е неопходно во секоја земја.

За одржлива иднина и безбедна животна средина, потребни се големи општествени промени, вклучително во енергетските, урбаните, транспортните и индустриските системи како и интегрирање на климатската акција во пошироките јавни политики и развојни рамки.

Но прво да се запрашаме, на кое ниво е еколошката свесност за овие проблеми во Македонија? Дали ние, како земја во развој, придонесуваме кон климатските промени и животната средина и како тоа влијае на нас? Кои акции треба да ги преземеме за да имаме безбедна клима и одржливо утре?

Настанот има за цел поттикнување на дискусија за праведна транзиција, енергетска ефикасност, употреба на обновливи извори на енергија и одржливи системи, како и за системски пристап кон нашите сегашни активности.

Настанот ќе се оддржи на 13.12.2018 со почеток од 18:00 часот во просториите на МКЦ Планетариум.

Како да аплицираш:
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликациски формулар на следниов линк: goo.gl/QsquLe.
Крајниот рок за аплицирање е 09.12.2018, 20:00 часот.

Повеќе за Salon типот на настани може да дознаете овде: goo.gl/VfLLjW.

Настанот е независно организиран ТEDх настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на партнер организациитe, експерт гостите и агендата на настанот ќе бидат дополнително објавени.

Официјалниот TEDxSkopjeSalon настан може да го погледнете на овој линк:
https://www.ted.com/tedx/events/31703