март, 2019

21мар17:4521:00Конференција "Smart cities"

Повеќе

Опис

Почитувани,

Задоволство ни е да Ве поканиме на конференција на тема “Smart cities“ на 21 март, четврток со почеток во 18.00 часот во  Чифте Амам Скопје, организирана од Амбасадата на Р.Италија и ИТА во рамките на Italian Design Day, ден посветен на италијанскиот дизајн и италијанската архитектура во светот, во соработка со Архитектонскиот Факултет при УКИМ, Скопје Урбан Центар и Здружението на Архитекти на Република Северна Македонија.

Настанот е ретка можност да се запознаете со врвните достигнувања на италијанскиот дизајн во доменот на урбаното проектирање и планирање, пренесени од  овогодинешниот Амбасадор на Италијанскиот Дизајн, проф.др – Габриеле Паскуи, Директор на Катедрата за Архитектура и Урбанизам при Факултетот Политекнико Милано, како и три италијански компании:  Systematicawww.systematica.net, Land www.landsrl.com, Politecnica www.politecnica.it,  лидери во овие области, кои лично ќе ги презентираат своите видувања и решенија за некои од урбаните проблеми на градот Скопје. Обраќање на настанот ќе има Амбасадорот на Р.Италија, Н.Е. Карло Ромео, а почесни гости ќе бидат Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и Деканот на Архитектонскиот Факултет, Проф.д-р Огнен Марина. Наредниот ден, 22 март заинтересираните македонски компании ќе имаат можност да остварат средба со италијанските компании учесници.

Ве молиме да го потврдите Вашето учество, најдоцна до 18ти март на: [email protected], нагласувајќи дали сте заинтересирани за средба со одредена италијанска фирма учесничка.

 

 

Agenda

17.45 Registration of the participants
18.00 Opening of the event

H.E. Carlo Romeo, Ambassador of Italy
Prof.Ognen Marina, Dean, Faculty of Architecture
Petre Shilegov, Mayor of Skopje

18.15 Keynote Lecture

Prof. Gabriele Pasqui, University Politecnico di Milano “Challenges of the cities: Europe and the world”

18.45 discussant: prof. Ognen Marina, Dean, Faculty of Architecture Skopje “Skopje Smart city” vision and challenges”

VIDEO

2nd Session: Perspectives of Urban Transformation for the City of Skopje
19.15 Land: “Green and social infrastructures: landscape planning and public space design”

19.45 Politecnica: “Hospital masterplan and design”
20.15 Systematica: “Planning urban mobility – accessibility sustainability”
20.45 Q&A
21.00 Cocktail

Време

(четврток) 17:45 - 21:00 CET

Локација

Чифте амам

Стара Скопска Чаршија, 1000 Скопје

X