август, 2020

07авг12:0023:00Конкурс: Слушни ја својата книга!

Повеќе

Опис

Здружението за афирмација на уметност- Флуктус – Скопје, во рамки на проектот „Самоглас – мобилна апликација“, распишува конкурс за уметничка литература. Четирите дела кои ќе бидат избрани ќе бидат обработени во форма на аудио книги и ќе бидат поставени на Самоглас.

„Самоглас“ е веб платформа која нуди пристап до аудио библиотека која претставува понов модел за претставување на литературни содржини на македонски јазик. Секој може бесплатно да ужива во аудио книгите преку креирање на кориснички профил на www.samoglas.mk.

Овој конкурс е отворен за сите ракописи на македонски јазик, независно од тоа дали се претходно објавени или не. Предност ќе биде дадена на романи и збирки поезија или проза. Делата треба да бидат пратени од страна на самите автори, преку пополнување на електронска форма која може да се најде на следниов линк: https://forms.gle/EuieYfcVVJsm9YCZ8 и дополнително да го испратат ракописот во електронски (пдф) формат на [email protected] со назнака За конкурсот „Слушни ја својата книга“.

Конкурсот ќе биде отворен до 7 август 2020 година.

Ракописите ќе бидат оценети од страна на тричлена стручна комисија, а информациите за четирите избрани дела ќе бидат објавени најдоцна до 30 септември 2020 година. По објавување на резултатите, секое дело ќе му биде доделено на различен актер кој ќе биде задолжен за креирање на аудио форматот. Авторот, ќе добие можност да поразговара со актерот пред да се пристапи кон обработка на делата. Аудио книгите ќе бидат поставени на платформата samoglas.mk во месец декември, со тоа промовирајќи ја и мобилната апликација на „Самоглас“.

Овој проект се реализира со финансиска поддршка на Владата на Република Северна Македонија и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на Владата на Република Северна Македонија.

Време

(петок) 12:00 - 23:00

Локација

Online

X