јули, 2020

23јул(јул 23)18:3024(јул 24)23:00Kraj Vardarot Jazz Festival, Park MKC

Повеќе

Опис

„Kraj Vardarot Jazz“
е НОВ ФЕСТИВАЛ и културолошка заложба на дискографската куќа
PMGJAZZ од Скопје. Наш основен интерес е пронаоѓање, создавање, снимање, издавање и промоција на квалитетна македонска џез, етно, crossover музика. Нешто, што ова наше тло раѓа во изобилство. Ако погледнете на страната каде што ги промовираме / продаваме нашите изданија [ pmgjazz.bandcamp.com ]
ќе забележите автентична, вибрантна, разновидна и неверојатно квалитетна македонска џез музика. Повеќето од тие автори ќе настапат на првото издание на фестивалот
KRAJ VARDAROT JAZZ.
Ова е нашиот завет за сегашноста и иднината на македонската реална култура. Со тоа се занимаваме. Приклучете ни се.

ПРОГРАМА:

Ден 1: Четврток, 23 јули 2020, врати 18:30, програмата започнува во 19:45. Влезот е симболични 100 денари.

Filip Bukršliev
Sethstat
Zulu 3.4
Kanton6Trio

Ден 2: Петок, 24 јули 2020, врати 18:30, програмата започнува во 20:00. Влезот е симболични 100 денари.

Svetlost + Odron Ritual Orchestra
Cobalt Code Unit
Yordan Kostov Quintet

Програмата ќе се одвива во паркот позади МКЦ-Скопје, по сите протоколи предвидени за организација на настани од овој тип, во актуелната ситуација. Задолжително носење маси, столчињата ќе бидат поставени на 2 метри растојание. Ве молиме да се држите до сите норми на однесување – да покажеме пример, како културните настани можат да се одвиваат беазбедно и во овие услови. Благодариме.

ВНИМАНИЕ: Бројот на посетители е ограничен на 300 седишта.

KRAJ VARDAROT JAZZ се реализира со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Време

23 (четврток) 18:30 - 24 (петок) 23:00

Локација

Младински Културен Центар

Kej Dimitar Vlahov 15, 1000 Skopje

X