февруари, 2019

13февЦелодневенКреирај и донирај за Скопје Зоо

Повеќе

Опис

Креирај и донирај!
Зоо Скопје започнува со кампања за разубавување на зоолошката, како и збогатување на реквизитите за животните (enrichment)
Секој кој е креативен, сака животни, или пак поседува нешто кое може да го подари е добредојден да помогне.
Графитџии кои би ги разубавеле ѕидовите, уметници кои би ги развеселиле патеките, скулптори кои би ни направиле статуетки животни, креативци кои би изработиле играчки и реквизити за животните, општествено одговорни компании кои би донирале алат или други средства за одржување на зоолошката, одгледувачи кои би подариле цвеќе и дрвца, хуманитарци на кои веќе не им се потребни старите транспортери и кафези за мали животни… Сите сте добредојдени!
Ајде заедно да ја разубавиме Зоолошка градина Скопје. Затоа што е наша, заедничка на сите!
Кампањата ќе трае до 30 март, а секој кој ќе придонесе за новиот имиџ на Зоолошка ќе добие табличка со своето име на ѕидот на пријателите и помагачи на Зоо Скопје.
?Доколку ви се потребни креативни идеи за изработка на enrichment, има илјадници на Pinterest
?Доколку сакате да креирате и донирате, јавете се на 070/688-014
?Споделете ја оваа објава, можеби и некој ваш пријател ќе сака да се вклучи во кампањата

Време

Целодневен (среда) CET

Локација

Зоолошка Градина Скопје

Булевар Илинден, 1000 Скопје, Република Македонија, 1000 Skopje

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X