Криптовалути: Иднината на парите?

октомври 31, 2017 19:00

Град Скопје

Бул. Илинден бр.82 Скопје

389-2-3297-2

Криптовалутите или подобро кажано, јавните блокчеинови ќе бидат пионерите во менувањето на концептот за работа/трговија и ќе ги редефинираат постоечките механизми на плаќање.

Дали ваквата промена ќе се случи или веќе се случува, која е иднината на криптовалутите, како тие се дефинирани и што претставуваат ќе бидат дел од прашањата на 21виот по ред TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан. Дополнително, ќе дискутираме и за некои од најголемите криптовалути во моментов како Bitcoin и Ethereum, начинот на раст и за тоа во која насока се придвижуваат. Надвор од ова, дискусијата за можност на blockchain технологијата е неминовно, особено во делот како таа може да се искористи во сите елементи на општеството.

Настанот ќе се оддржи на 31.10.2017 со почеток од 19 часот во просториите на Центарот за Иновации на Град Скопје, СкопјеЛаб. Настанот е организиран во склоп на серијата TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани.

Овој настан за разлика од стандардните TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани е од понеформален и поинтимен карактер, имајќи за цел развивање на неструктурирана дискусија врз база на неколку TED и TEDx говори кои ќе се прикажат. Согласно карактерот на настанот, бројот на учесници е лимитиран на 15.

Настанот е независно организиран ТEDх настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на партнер организациите и агендата на настанот ќе бидат дополнително објавени.

Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар: https://goo.gl/forms/9wSvwFn6rn3V76Ek2
Рокот за аплицирање е до 30.10.2017, 12:00, пладне.

Поддржувачи:
Скопје Лаб – Центар за иновации на Град СкопјеГрад Скопје Официјален профилSocial Innovation Hub SkopjeSmartUp – Social Innovation LabFINKI – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство