Let’s talk about Movember!

Да зборуваме за…Моември! Младинскиот Совет на Амбасадата на САД во Македонија, Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) и Movember Macedonija организираат настан со цел да се поттикне свеста кај јавноста за проблемите со машкото здравје.

Моември е годишен настан кој што вклучува растење на мустаќи в текот на месец ноември за да се подигне свеста за здраствените проблеми кај мажите, како што се рак на простата, рак на тестисите и машките самоубиства.

Целта на Моември е “да се промени лицето на машкото здравје”, поттикнувајќи ги мажите да се вклучат во рано откривање на ракот, дијагнозата и ефективните третмани, и на крај до го намали бројот на смртни случаи што можат да се спречат.

Настанот ќе се одржи на 27ми Ноември (Понеделник) во Деканат на Медицински Факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”, Скопје со почеток од 12 часот.

Придружете ни се на предавање од Д-р.Сотир Ставридис, уролог на Државната Клиника за Урологија во Скопје, со кој што заедно ќе зборуваме за проблемите кај машкото здравје.

Би ни било чест да Ве видиме на настанот за да заедно направиме многу повеќе!