јули, 2020

10јул(јул 10)21:0013(јул 13)23:00Летно Кино во Кинотека со European Film Challenge

Повеќе

Опис

ЛЕТО ИСПОЛНЕТО СО ЕВРОПСКИ ФИЛМОВИ!

European Film Challenge го одбележува отворањето на летната кино програма во дворот на Кинотека на Северна Македонија со 4 дневен настан и селекција на 4 современи европски филмови.

ПРОГРАМА:

10.07.2020 | 21.00 часот
Господ постои, името ѝ е Петрунија (2019)
Режија: Теона Стругар Митевска
1h 40min | драма
С. Македонија
> https://www.imdb.com/title/tt8054608/

11.07.2020 | 21.00 часот
Гостин / The Guest (2018)
Режија: Duccio Chiarini
1h 34min | комедија, драма, романса
Италија, Швајцарија, Франција
> https://imdb.to/2VJk3GF

12.07.2020 | 21.00 часот
Земјата под моите нозе / The Ground Beneath My Feet (2019)
Режија: Marie Kreutzer
1h 48min | драма
Австрија
> https://www.imdb.com/title/tt7902124/

13.07.2020 | 21.00 часот
Сонот на Катрина / Katrina’s Dream (2018)
Режија: Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger
Швајцарија, Италија
1h 24min | драма, романса
> https://www.imdb.com/title/tt6889924/

Цена на билет: 100 денари

***

Драги посетители на Кинотеката и летното кино на отворено,

Согласно моменталната ситуација и Протоколот за организација на настани (Службен весник бр.175, од 01.07.2020), како и општо прифатениот кино-бонтон, Кинотеката ги воведе следниве правила за Ваша и наша безбедност:

– Задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот
– Задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот
– Задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата
– Пушењето за време на проекција е непожелно
– Забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни)

Ве замолуваме заеднички да се погрижиме за чистотата на гледалиштето и дворот на Кинотеката, како и секој самостојно да ги одложи своите отпадоци во корпите по проекцијата.

За време на 4 дневниот настан, поддржан од European Film Challenge секој посетител ќе добие бесплатен освежителен пијалак со купениот билет.

Тоалетот за посетители се наоѓа во внатрешниот дел на Кинотеката.

***
За European Film Challenge

European Film Challenge e иновативна гејмифицирана платформа, што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја афирмира европската кинематографија

Во тек е третиот циклус на филмскиот предизвик, почнувајќи од 10 јуни до 10 август активна е официјалната страница за регистрација и учество – победникот освојува бесплатно патување на филмскиот фестивал во Венеција.

Правила на учество – https://europeanfilmchallenge.eu/mk/terms

Сите 4 филмови што ќе се прикажуваат во летното кино од 10-13 јули носат екстра 10 поени во филмскиот предизвик, а со тоа и поголеми шанси за победа во предизвикот за Венеција.

Време

10 (петок) 21:00 - 13 (понеделник) 23:00

Локација

Кинотека на С. Македонија

Никола Русински бр. 1

X