јуни, 2020

23јун15:0017:00Лице в лице со новата Земја - соочување: промоција на 40. број

Повеќе

Опис

Драги пријатели на „Лице в лице“,

Ни претставува чест да ве поканиме на интерактивна зум средба насловена „Лице в лице со новата Земја – соочување“, на која ќе разговараме за можните сценарија на развој на нашето опкружување, и светот воопшто, по соочувањето со пандемијата, на локално и глобално ниво.
Интерактивната средба е планирана за 23-ти јуни 2020 година од 15 до 17 часот, на платформата „Zoom“. Настанот е од отворен карактер и ќе може да го следите доколку се регистрирате на линков: https://bit.ly/3hvaNPP

Светот е сведок на момент на пауза, од кој можно е да се почне одново. Глобални настани, како почеток или крај на долга војна, државен преврат или природна непогода, се моменти во човечката историја што можат јасно да укажат дека претходната фаза во општествениот или економски развој завршува, а почнува нова.

Наша цел преку овој настан е да се инспирираме од повеќе ставови за иднината со цел да ја кокреираме онаква каква што ја посакуваме. Гости говорници се Тамара Котевска, ко-режисерката на „Медена земја“, Олга Рајчиќ, ко-основачка на мобилната апликација „Челинџер“, Сергеј Георгиев, режисер на документарниот филм „Виа Динарика“, млади луѓе кои имаат поинаков светоглед, кои креираат, се движат, иновираат, кои влијаат на нашето заедничко, подобро „утре“. На нивната перспектива, преку интерактивна сесија, ќе се надоврзе и публиката.

Специјално за ова патување, театарската група „Пресврт“, подготви видео нарација насловена „Рестарт“, која ќе биде прикажана премиерно, а чија цел е доближување на суштинските ставови на значајни светски имиња во поглед на насоката во која допрва ќе се движи светот.

Со оваа средба го промовираме и 40-то издание на „Лице в лице“, посветено на бизнисите, лидерството, на институциите и на граѓаните од иднината.

„Лице в лице“ е единственото улично списание кај нас и е едно од пионерските социјални претпријатија во земјава. Го продаваат ранливи сограѓани кои со овој работен ангажман се интегрираат во општеството, се влијае на нивната економска, но и социјална состојба. Еден број чини 100 денари, а половина е заработка за продавачот.

Ви благодариме,
Ве очекуваме!

Срдечно,
Тимот на „Лице в лице“

#ЧитајЛицевЛице #ЛицеВлицеСоГраѓаните #NordicSupport

Активноста е дел од проектот „Лице в лице“ со граѓаните, кој е поддржан со грант од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија” имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS).

Време

(вторник) 15:00 - 17:00

Локација

Online

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X