ноември, 2019

13ное(ное 13)14:0015(ное 15)17:00Macedonia2025 Summit 2019

Повеќе

Опис

Со особено задоволство Ве покануваме на осмото издание на Самитот Македонија2025, кој ќе се одржи од 13-ти до 15-ти ноември во хотел Мериот – Скопје.Самитот претставува водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, економијата, технолошките иновации и етичкото лидерство. Оваа година, очекуваме над 50 истакнати говорници и разновидна публика составена од 400+ менаџери, директори, претприемачи, членови на академијата, успешни млади професионалци, високи функционери и дипломати.

Самитот ќе понуди богата тридневна програма, исполнета со 10+ панел-дискусии и засебни тематски сесии. Главниот фокус ќе биде ставен на темите: иновации и нивното влијание врз намалување на загадувањето на животната средина / воздухот, како и иднината на работните места и вештините. Некои од останатите теми ќе бидат поврзани со глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање на малите и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски платформски компании и други интересни дебати.

Меѓу првите потврдени говорници се: Елизабет Наумовски, експерт за финансиска писменост и водител на телевизиското шоу „Finance is Personal”; Том Битов, претседател на PowerBev Inc. и PUR Brands Ontario; Тери Шулц, истакнат новинар во NPR и Deutsche Welle; Питер Табак, заменик-директор и водечки регионален економист во ЕБРД; Ирена Јовева, пратеничка во Европскиот парламент; Јонас Коивисто, истражувач од Универзитетот во Хелсинки; Гоце Андревски, професор и почесен член на Универзитетот Квинс, Онтарио и многу други.

Покрај панел-дискусиите, ќе се организираат Б2Б средби и работилници/ сесии ориентирани кон градење стратегии за МСП. Повторно ќе се случува натпреварот за средношколци насловен „Најдобар бизнис концепт“, додека коктелите за вмрежување на Самитот ќе понудат одлична можност за поврзување на сите присутни.

Кратката агенда е достапна тука: https://mk2025summit.com/schedule/

Раната регистрација за учество е во тек! Пријавете се овде: https://mk2025summit.com/buy-ticket/

За повеќе информации, контактирајте нѐ на office@macedonia2025.com/ +389 23 161 015

#mk2025summit

Време

13 (среда) 14:00 - 15 (петок) 17:00

Локација

Skopje Marriott Hotel

Plostad Makedonija 7(Entrance from str. Maksim Gorki), 1000 Skopje

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X