МАСИТ ИКТ Денови – Конференција за иновативни ИТ решенија

септември 27, 2017 10:30

Оваа конференција е организирана од МАСИТ како главен организатор во партнерство со Твининг проектот финансиран од ЕУ „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“. Конференцијата воедно е поддржана од страна на Министерството за економија преку проект од Програмата за поддршка и развој на кластерско здружување.

Конференцијата има за цел да опфати и дискутира теми и прашања од областа на ИКТ иновациите поврзани со:

  • Како компаниите, науката, и државата ефикасно да соработуваат со цел да го подигнат нивото на иновативност во македонските ИКТ компании? (воведна дискусија)
  • Претставување на иницијативи за поттикнување и поддршка на иновативноста на мали и средни претпријатија
  • Презентации на искуства од други држави во делот на поддршка и поттикнување на иновативноста
  • Искуства од домашните ИКТ компании преку претставување на иновативни решенија, проекти, методологии и трендови

АГЕНДА

РЕГИСТРАЦИСКА ФОРМА – Учеството на форумот е бесплатно со задолжителна претходна регистрација и е отворено за претставници од ИКТ компаниите и други сектори, институции и организации.

МОЖНОСТИ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И СПОНЗОРСКИ ПАКЕТИ – Доколку сакате да го презентирате вашето решение или успешна приказна информирајте се за можностите за спонзорство и презентација