мај, 2019

11мај12:0006:00Ментализирај се!

Повеќе

Опис

Младите од иницијативата „Тука сме, заедно сме!” организираат целодневен настан на 11.05, на кои можеме да научиме повеќе за нашите емоции и како да се справиме со истите. Преку креативна работилница, поткрепена со дискусии со стручни лица и многу бои и весела дружба, ве покануваме да бидете дел од нашата визија и да ни помогнете да ја разбудиме свеста кај младите.
Нашето мото е #ментализирајсе со што ве предизвикуваме да навлезете во креативноста на својот ум и да објавите интересна слика на оваа тема.

Настанот ќе трае од 12 до 18 часот.

Можете да аплицирате со пополнување на следниот формулар:
https://bit.ly/2Jkvr6o

Пријавувањето трае до 09.05 кога ќе бидат изберени 40 учесници.

DRESS CODE: Облечете ја својата омилена маичка и понесете многу позитивна енергија и ентузијазам за соработка.

„Тука сме, заедно сме!” е младинска иницијатива иницирана од младите во скопската гимназија СУГС „Никола Карев”. Главната тема и инспирација за овој иницијатива доаѓа од секојдневниот предизвик со кој се соочуваат адолесцентите, а тоа е менталното здравје и одржување на ментална хигиена. Оваа активност е дел од проектот „Вклучи се за промена!”, кој е спроведуван од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD), со подршка од Агенција за млади и спорт.

Проектот „Тука сме, заедно сме!” има цел отпочнување на дискусии и информирање на младите за потребата од ментално здравје и емоционална интелегенција.

Време

(сабота) 12:00 - 06:00

Локација

ДСУ „Никола Карев“ - Скопје

ul. Nikola Rusinski br.2, 1000 Skopje

X