јули, 2019

27јул12:2921:29МКЦ за Скопје

Повеќе

Опис

МКЦ за Скопје / 26. јули (петок)
Одбележуваме 56 години од скопскиот катастрофален земјотрес. МКЦ за Скопје е настан кој нѐ потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето.

Програма >

18:30 / Детски работилници
Детска работилница за уметност на тема „Мојот град, моето омилено место“, со ликовниот уметник Dorotej Neshovski.
*Работилницата е наменета за деца од 5-10 години. Работилницата има за цел преку колажирање, цртање и сликање да ја поттикне детската имагинација, експериментирање, слободното изразување и оригиналност.

„Пишуваме-илустрираме: Моето Скопје“ со писателката Biljana Crvenkovska *Креативна работилница за деца од 7 до 12 години, за креативно пишување и илустрација на напишаните текстови на тема „Моето Скопје“. Децата ќе имаат можност да пишуваат приказни и песнички (и нив да ги илустрираат) – за нивното омилено место во Скопје…
Без разлика дали е тоа клупата или паркчето пред нивната зграда, Градскиот парк или планината Водно.

19:45 – 20:30 / слушачка промоција
LP компилација „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“
20:30 – 21:15 / слушачка промоција
LP компилација „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“
21:15 – 21: 45 / Промоција “Македонска Дискографија-Винили (1958-2019), Прв Том” од Филиповски Тошо

Музичка програма:
21:50 – 22:30 СВЕТЛОСТ
22:45 – 23:20 Јордан Костов Трио // Шумски свет
23:30 – 00:10 Роботек (live)

00:15 / Кино на трева во МКЦ парк
Проекција на филмот „Ослободување на Скопје“, режија Данило и Раде Шербеџија

Дизајн на постер: Јована Велинова

Се гледаме во паркот на МКЦ, за Скопје ♥

Време

(сабота) 12:29 - 21:29

Локација

Младински Културен Центар

Kej Dimitar Vlahov 15, 1000 Skopje

X