Младите и иновациите

февруари 8, 2018 18:00 - 20:00

По успехот на двете изминати изданија, Францускиот институт во Скопје повторно ја организира манифестацијата „Ноќ на идеите“ на заедничка тема „Моќта на креативноста“.
Се работи за меѓународен настан, за една широка средба посветена на современата мисла и на споделување на идеите на светско ниво.

На темата за 2018 година, „Моќта на креативноста“, „Ноќта на идеите“ ќе ги поттикне интелектуалците, истражувачите и уметниците од најразлични сфери во светот да дебатираат на истата.

Во овој контекст, Францускиот институт во Скопје организира предавање и дебата на тема #иновации, на која учество ќе земат:

  • г-дин Оливје Крузе, педагошки директор на Школата 42, којшто ќе ја претстави Школата 42 и дигиталната трансформација во образованието. Тој, воедно, ќе го претстави најголемиот европски стартап инкубатор Станица Ф,
  • г-дин Волхан Салаи, единствениот студент од Македонија на Школата 42, којшто работи во најголемиот европски стартап инкубатор Станица Ф (видео-презентација),
  • проф. д-р Радмил Поленаковиќ, професор на Машинскиот факултет во Скопје, којшто ќе ја изложи ситуацијата во областа на иновациите на домашен план, и
  • г-дин Кристијан Данаиловски, ко-основач на најголемата македонска компанија за анимации и визуелни ефекти – FX3X.

Модератор: г-дин Александар Стамболиев, претседател на Фондацијата „Проф. Д-р Димитар Стамболиев“.

Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција.

Настанот се организира во соработка со Машински Факултет Скопје, Факултет за електротехника и информациски технологии, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Фондацијата „Димитар Стамболиев“.

Со симултан превод.

Со оглед на тоа дека местата во салата се ограничени, ве молиме вашето присуство да го најавите на [email protected]