ноември, 2019

08ное(ное 8)16:0009(ное 9)20:00Мотивациски викенд 6

Повеќе

Опис

6та по ред доза на мотивација, на позната сцена и со познат концепт, но со нови инспиративни говорници и практични работилници за развивање вештини.

Оваа година мотивацискиот пулс за кариерен развој и успех ќе го почуствуваме на 08.11.19 и 09.11.19 на Мотивациски викенд 6 – настан наменет за мотивација, инспирација, вмрежување и успех.

Целта на Мотивациски викенд е да ги мотивираме младите да работат на себе, на приватен и професионален план, преку говори на успешни луѓе кои ја споделуваат својата приказна за досегашните успеси и падови и учество на работилници за личен и професионален развој.

Зачувајте ги датумите❕
Повеќе информации за говорниците кои ќе имаме чест да ги слушаме оваа година и работилниците кои ќе се одржат очекувајте наскоро!

Мотивациски викенд 6 е организиран од Youth Can – Младите Можат во рамки на проектот „Кариерен пат: Направи го првиот чекор“ поддржан од Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport.

Време

8 (петок) 16:00 - 9 (сабота) 20:00

Локација

Македонска Опера и Балет

Kej Dimitar Vlahov bb., 1000 Skopje, Macedonia

X