октомври, 2019

18окт(окт 18)18:0020(окт 20)20:00NASA SPACE Apps Challenge 2019 (15-29 години)

Повеќе

Опис

По 7-ми пат, NASA Space Apps Challenge во Скопје, од 18 до 20 Октомври 2019

НА ВАШЕ БАРАЊЕ УЧЕСТВОТО ВО NASA SPACE APPS CHALLENGE E БЕСПЛАТНО И ОВАА ГОДИНА!

Доколку сé уште не си се пријавил направи го тоа веднаш затоа што оваа година имаме одлични партнери, експерти, ментори и судии, и одлична главна награда – патување во NASA Kennedy Space Центарот во Флорида.

NASA Space Apps Challenge е дводневен, интернационален хакатон наменет за сите ентузијасти за Земјата и Вселената, за сите студенти, средношколци, претприемачи, програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, артисти, економисти, научници на возраст од 15-29 години. ?

Како и секоја година, НАСА поставува реални предизвици со кои се соочуваат Земјата и Вселената, а на кои ќе можат да работат тимовите. Категориите на кои ќе бидат дадени предизвици оваа година може да ги погледнете на: https://2019.spaceappschallenge.org/challenges/

Учесниците на NASA Space Apps Challenge 2019 ќе имаат можност да бидат менторирани и оценувани од страна на претставници на NASA, компании од вселенската индустрија и експерти во областа.

Оваа година имаме значајни новитети:

1. Трите победнички тима на NASA Space Apps Challenge се пласираат за директно учество во натпреварот за Space Стартапи кој ќе се одржи во рамките на Space Tech Convention 2019, каде што добиваат можност да ги убедат меѓународни инвеститори да ги поддржат нивните идеи.

2. Тимот кој ќе се пласира на прво место на локацијата во Скопје добива награда – патување во Kennedy Space Center во Флорида и ќе има можност да присуствува на лансирање на ракета! Патувањето ќе се реализира во организација на Њуменс Бизнис Акцелераторот, а со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

Пријави се како учесник:
http://bit.ly/NSAC_P2019

Пријави се како волонтер: http://bit.ly/SpaceTechConvention_Volunteers
Пријави се како ментор:
http://bit.ly/MentorforNASASpaceApps2019

Дополнително за сите средношколци, студенти и членови на стартап тимови на возраст од 15 до 29 години обезбедуваме можност да го проследат конференцискиот дел на SPACE TECH КОНВЕНЦИЈАТА (21 и 22 октомври, х.Александар Палас, Скопје) по НАЈДОСТАПНИ ЦЕНИ со купување на КАРТА ЗА МЛАДИ ??? и да се стекнат со нови идеи за кариера или за бизнис поврзан со профитабилната и возбудлива вселенска индустрија.

КАРТИ ЗА МЛАДИ за сите говори и панел сесии ПРОМОТИВНО по цена од само 1230 денари за 1 ден и 1850 денари за 2 дена.

Картите се во продажба по овие цени ДОДЕКА ИМА МЕСТА предвидени за млади или најдоцна до 15ти октомври, а предност ќе имаат учесниците на NASA Space Apps Challenge 2019, и можат да се купат на: https://nextbillionaires.com/spacetechconvention

Повеќе детали на: http://newmansba.com/space-tech-convention-mk/

За било какви прашања, пишете на:
[email protected] или 072 220 484.

″Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата, и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД.″

Време

18 (петок) 18:00 - 20 (недела) 20:00

Локација

NLB Banka AD Skopje

Мајка Тереза бр. 1, 1000 Skopje

X