јуни, 2020

17јун12:0015:00Национална конференција за социјално претприемништво

Повеќе

Опис

Со задоволство ја најавуваме нашата конференција „Социјалното претприемништво: иновативен бизнис-модел за похумано општество“, којашто ќе се одржи на 17 јуни со почеток во 12 часот.

Конференцијата е финален настан на проектот „Отвораме можности“ којшто е финансиски поддржан од Европската Унија и има за цел преку обраќања на претставници на националните институции, локалната самоуправа, граѓанските организации и бизнис заедницата да поттикне дискусија за националните политики поврзани со концептот на социјалното претприемништво и да ги прикаже добрите практики на социјалните претпријатија. Притоа, во фокусот ќе биде интеграцијата на жените Ромки.

Поради развојот на настаните со Ковид-19 пандемијата, конференцијата ќе се одржи онлајн на платформата ZOOM. Притоа, ќе го претстави социјалното претприемништво во контекст на актуелната криза како концепт кој може да понуди одговори и придобивки за успешно справување со одредени општествени предизвици.

Здравствената и економската криза одново укажаа на потребата од одржлив општествен развој, како и на потребата да им се даде поддршка на најранливите категории на граѓани. Дека концептот на социјалното претприемништво може да одговори на овие потреби, потврдуваат иновативните решенија на граѓанските организации кои ги помагаат маргинализираните и ранливите токму преку своите социјални претпријатија. Тие се издвојуваат како позитивни примери на човечката способност за хуманост и солидарност и се инспирација за останатите граѓани да се приклучат во вакви или слични иницијативи.

Конференцијата е отворена за сите заинтересирани. Ќе се одвива на македонски и англиски јазик, при што ќе биде обезбеден симултан превод.

Доколку сакате да бидете дел од настанот, регистрирајте се на следниот линк https://bit.ly/2z2ZxZB најдоцна до 15 јуни 2020. Откако ќе се регистрирате, ќе добиете линк за учество на настанот.

Време

(среда) 12:00 - 15:00

Локација

Online

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X