февруари, 2020

07фев18:0019:00Ноќ на идеите во Скопје

Повеќе

Опис

НОЌ НА ИДЕИТЕ ВО СКОПЈЕ
на тема:
ВЛИЈАНИЕТО НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВРЗ ЖИВИОТ СВЕТ

Ноќ на идеите е традиционална манифестација, во организација на Министерството за надворешни работи на Франција и мрежата на Француски институти ширум светот. Годинава, Ноќта на идеите во Скопје се одржува на тема климатските промени и нејзините последици врз животот на луѓето и биодиверзитетот.

Учесници :
=> Г-дин Рош Домерего, специјалист за апитерапија и автор на бројни дела, со излагање на тема: „Пчелите, чувари на живиот свет“

=> Проф. д-р Силвана Манасиевска Симиќ, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на тема: „Влијание на климатските промени врз биодиверзитетот и земјоделството“

=> Проф. д-р Татјана Миткова, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на тема: „Климатски промени – која е улогата на почвата?“

Модератор: г-дин Емануел Рембер, Директор на Францускиот институт во Скопје

Со симултан превод

Ве молиме за најава на вашето присуство на следниот мејл: [email protected]

Време

(петок) 18:00 - 19:00

Локација

Europe House Skopje

Ss Cyril & Methodius 52b, Skopje 1000

X