февруари, 2020

27фев18:0020:00Нови технологии во корист на општеството: Машинско учење

Повеќе

Опис

#Аплицирај на: https://bit.ly/311sLRZ
#Краен рок за аплицирање: 21.02.2020, 12.00 часот на пладне
#Капацитет: 50 учесници

Во ера на интернет глобализација, сеприсутна комуникација и неопходност за пристап до брзи и oобработени информации, компјутерските системи се чини дека не се само прифатени и неопходни, туку на некој начин и, речиси незаменливи за луѓето.

Па оттаму доаѓа и прашањето, каква корист за општеството се крие во еволуцијата на машините? Како може машинското учење да се искористи во создавањена алатки кои ќе ја предвидуваат и насочуваат иднината? Каква револуција да очекуваме во начинот на кој се лекуваме, патуваме, работиме, пазаруваме и комуницираме? Оваа трансформација потенцијално ќе го предводи капитализмот во новата ера но, со кои последици? Каде е границата на машинското учење, а каде на човекот? Како ќе изгледа еден свет каде што се` повеќе од секојдневните одлуки ги носат автоматизирани системи без наше учество?

Ова се дел од прашањата кои ќе се дискутираат на престојниот TEDxSkopjeSalon настан кој ќе се одржи на 27.02.2020 со почеток од 18:00 часот во Cineplexx, сала 3.

Како да аплицираш:
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар на следниов линк: https://bit.ly/311sLRZ, најдоцна до 21.02.2020, 12.00 часот на пладне.

Повеќе за Salon типот на настани може да дознаете овде:
Настанот е независно организиран ТEDх настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на експерт гостите и агендата на настанот ќе бидат дополнително објавени. Настанот е замислен во форма на отворена и партиципативна дискусија а не е конференција.

Официјалниот TEDxSkopjeSalon настан може да го погледнете на овој линк:
https://www.ted.com/tedx/events/37853

Настанот е поддржан од Netcetera.

Време

(четврток) 18:00 - 20:00

Локација

Cineplexx

Skopje City Mall

X